Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг »A«, со стабилна среднорочна прогноза од страна на S&P

S&P повторно додели висок кредитен рејтинг »A« - Триглав оценет како групација со моќна капитална основа и стабилно, профитабилно работење.

s-p-povtorno-dodeli-visok-krediten-rejting-a-so-stabilna-srednorochna-prognoza-01.jpg

Агенцијата за кредитен рејтинг, S&P Global Ratings, на 31-ви јули, 2019 година, на групацијата Триглав и на нејзината матична компанија, Заваровалница Триглав, како и на компанијата ќерка Позаваровалница Триглав Ре повторно им ги потврди долгорочниот кредитен рејтинг и кредитниот рејтинг за финансиска моќ »A«.

Овие рејтинзи имаат стабилна среднорочна прогноза. Според S&P, повторното доделување на високиот рејтинг е резултат на водечката позиција на групацијата Триглав на осигурителниот пазар и на пазарот за управување со средства во Словенија, како и на позицијата и на нејзиното јакнење на пазарите во регионот. Истовремено, агенцијата ги нагласува стабилното, добро работење на Групацијата, соодветниот профил на ризик и цврстата адекватност на капиталот.

Кредитниот рејтинг »A« е исклучиво рејтинг на самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата и не содржи никакво зголемување, кое што би било последица на поврзаноста на Групацијата со државата.

Согласно наводите на S&P, рејтингот се темели на водечката позиција на Триглав во Словенија и во регионот, на неговата добро сегментирана понуда, разгранетата продажна мрежа и на моќниот препознатлив бренд. S&P го оценува профилот на деловни ризици како многу стабилен. Инвестициското портфолио на групацијата Триглав е квалитетно и добро распределено, насочено воглавно на инвестиции на подрачјето на еврозоната. Групацијата има конзервативна реосигурителна заштита и солиден профил на ризик.

Сето ова на групацијата Триглав ѝ овозможува стабилно и профитабилно работење, а S&P очекува тоа да продолжи и во иднина.

Исто така, S&P очекува дека Групацијата ќе продолжи со спроведување на развојните активности согласно стратегијата, вклучувајќи ги континуираниот развој на сегментирана продуктна понуда, географска распределба на приходите со зголемување на уделот во премија на пазарите надвор од Словенија и јакнење на активностите во доменот на управување со средства. Растот и развојот на Групацијата се поддржани од постојната добра капитализираност, која што S&P очекува дека и во иднина ќе ги задоволува минималните критериуми за рејтинг »AА«.

Стабилната среднорочна прогноза на кредитниот рејтинг е резултат на очекувањата на S&P дека Триглав, во двегодишниот период што следи, ќе продолжи успешно да ја спроведува  деловната стратегија, фокусирајќи се на раст, натамошен диверзитет во работењето, зачувување на високата адекватност на капиталот и добро, стабилно работење.

Би можело да ве интересира:

Крива Паланка блесна во празничен сјај во пресрет на 2024: Црвена елка, украси, сијалички во разни б... Крива Паланка, градот на североистокот на Македонија, веќе неколку дена дише во ...
„Дама се раѓа, браво девојко“ – Нашата Барбара Поповиќ го воодушеви регионот со настап во српско муз... „Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа ...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Пар од САД е воодушевен од посетата на Македонија: „Охрид во есен е прекрасен, земјава е мало парче ... „Ова е мало парче рај, скриениот бисер на Европа“ – млад американски пар е вооду...
Секоја чест! 6-годишно девојче од Македонија „држи предавања“ по англиски, италијански и македонски ... „Таа е сѐ уште мала, профилот на Инстаграм е повеќе е за забава, детска активнос...
Емотивно видео на Македонка која боледува од Хочкинов лимфом: „Се плашев како ќе реагира ќерка ми ко... „И јас всушност цело време мислев дека мене тешко ќе ми паѓа тоа што косата ќе п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg