Од Франција, преку Бразил и САД, луѓе од цел свет уживаат во гласот на Охридското езеро!

По само петнаесеттина дена откако стартуваше, сајтот „Гласот на Охридското езеро“ забележа над пола милион посети! Над 200.000 различни посетители од земјава, но и ширум светот, луѓе од Европа, САД, Бразил... досега имаа единствена можност да уживаат во иновативната музичко-технолошка авантура  „Гласот на Охридското Езеро”. Да слушнат како звучи најстарото езеро во Европа, да ја почувствуваат неговата сила и нежност, да се уверат во неговата убавина и уникатност. Секој на свој начин да го доживее езерото, да посака да биде блиску до него!

od-francija-preku-brazil-i-sad-lugje-od-celiot-svet-uzivaat-vo-glasot-na-ohridskoto-ezero-01.jpg

Целта на проектот е да не потсети на убавините на Охрид и Охридското Езеро, и да ни влее порив за негово зачувување. Иницијатор на проектот е Македонски Телеком, а произлегува од долгогодишното пријателство со едната од трите врвни европски културни манифестации фестивалот „Охридско лето“.

od-francija-preku-brazil-i-sad-lugje-od-celiot-svet-uzivaat-vo-glasot-na-ohridskoto-ezero-02.png

„Гласот на Охридското Езеро”  праќа порака до секој од нас, дека технологијата е создадена и се развива за добри нештадека го збогатува секојдневниот живот, дека овозможуваличен и професионален развој. Но и дека со помош  на технологијата може да се создаде величествена и оригинална уметност која ќе остане  во трајно наследство за идните генерации.

Едно е сигурно - овие аудио-визуелни записи ќе останат како културно сведоштво за еден хуман и општествено одговорен обид на Македонски Телеком  да помогне во зачувувањето на природните и културните национални богатства.

od-francija-preku-brazil-i-sad-lugje-od-celiot-svet-uzivaat-vo-glasot-na-ohridskoto-ezero-03.png

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...

Најчитани неделава