Во Скопје се отвора најголемата игротека под отворено небо

Мондано Спортскио комплекс е 8 годишна успешна приказна на јавно и приватно партнерство

vo-skopje-se-otvora-najgolemata-igroteka-pod-otvoreno-nebo-01.jpg

Скопје, (26.08.2019)

Во Скопје, секој ден, сѐ повеќе и повеќе деца бараат место каде што своите омилени игри ќе ги претворат во реалност. Одговорот на нивните соништа го има најголемата игротека под отворено небо, Mondano Playground Center, која ќе биде отворена во среда, 28.08.2019, во 18.30 часот. Истата е во склоп на Мондано Спортскиот комплекс и се наоѓа веднаш зад гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје.

vo-skopje-se-otvora-najgolemata-igroteka-pod-otvoreno-nebo-03.JPG

vo-skopje-se-otvora-najgolemata-igroteka-pod-otvoreno-nebo-02.JPG

„Оваа игротека е уште едно поглавје од приказната на Мондано Спортскиот комплекс кој веќе 8 години соработува со гимназијата Јосип Броз Тито. Ние веруваме во тоа дека сите млади заслужуваат простор каде преку спортски активности ќе се развиваат и растат. Ни претставува исклучително задоволство кога учениците доаѓаат на нашите терени и ги користат бесплатно. Тоа ни беше мотивација да го направиме Mondano Playground center. Сега и најмалите ќе може да доаѓаат за да играат и спортуваат. Тие ќе може да се дружат и да ги развиваат своите моторички способности на големиот Трамболина парк, забавниот Ninja Warrior парк и на Зорб топките за одење по вода.“, вели Виктор Михајловски од Мондано.

Мондано Спортскиот комплекс го имаше организирано Green Zone настанот каде беа засадени над 100 зимзелени садници. Истиот ќе го повтори на отворањето на Mondano Playground center каде што секој кој ќе дојде ќе ја има можноста да помогне во посадувањето на над 80 нови садници и на нив да остави лична порака како мотивација и инспирација за секој друг посетител.

vo-skopje-se-otvora-najgolemata-igroteka-pod-otvoreno-nebo-04.JPG

vo-skopje-se-otvora-najgolemata-igroteka-pod-otvoreno-nebo-05.JPG

vo-skopje-se-otvora-najgolemata-igroteka-pod-otvoreno-nebo-06.JPG

vo-skopje-se-otvora-najgolemata-igroteka-pod-otvoreno-nebo-07.JPG

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg