Со Вегета Фант времето може да се купи

Новиот асортиман на Вегета Фант мешавините нуди кулинарски решенија за секој ден. Вегета фант дава одговор на постојаните прашања за тоа што да се готви утре и дава можност да подготвите висококвалитетни и вкусни оброци брзо, едноставно и лесно. Секој производ е рецепт за ново фантастично јадење. И вештите готвачи, но и оние кои што се помалку вешти во кујната со Вегета Фант можат да подготват вкусно јадење. Без разлика дали сакате брз оброк со тестенини, зеленчук или со месо, Вегета Фант ви го нуди најпрактичното решение.

so-vegeta-fant-vremeto-mozhe-da-se-kupi-01.jpg

Отсега, можете да го збогатите вашето мени со нови Вегета Фант производи: за шпагети болољезе, за лазањи, за запечени тестенини болоњезе, за запечени тестенини со шунка и сирење, односно Вегета Фант за сос од печурки и сос од сирење. Сите производи се произведени од најквалитетни состојки, и се без додадени подобрувачи на вкус.

Со Вегета Фант времето може да се купи!

Вегета Фант сос од сирење

Совршено кремаст и нежен, Вегета Фант сосот од сирење е идеален додаток на сите видови јадења. Без разлика дали јадете зеленчук во жешките летни денови или уживате во некои специјалитети со месо, сосот со сирењене можете а да не го употребите.

so-vegeta-fant-vremeto-mozhe-da-se-kupi-05.jpg

Вегета Фант сос од печурки

Сосот од печурки Вегета Фант е збогатен со сушен вргањ и шампињони и како таков им дава специфичен вкус на јадењата од месо, тестенини или ориз.

Пробудете ги вкусовите на есента и мирисните шуми; подгответе го вашиот омилен специјалитет со сос од печурки веќе денес, а за свечени пргоди предлагаме да го оплемените вашиот оброк со додавање на слатка павлака, путер или коњак.

so-vegeta-fant-vremeto-mozhe-da-se-kupi-06.jpg

Вегета Фант за шпагети болољезе

Шпагети болоњезе се едно од најпопуларните јадења кое редовно се подготвува во многу домови, а штом ќе ја откриете мешавината Вегета Фант за шпагети болоњезе, тоа ќе стане чест гостин и кај вас.

Вегета Фант мешавината за болоњезе сос е одличен избор затоа што содржи дури 31 % сушени домати. Сега, кога го откривте рецептот за најдобар сос болоњезе, размислете внимателно со кого ќе го поделите.

so-vegeta-fant-vremeto-mozhe-da-se-kupi-07.jpg

Вегета Фант за лазањи

Со месо или вегетаријанска лазања, тоа го оставаме на ваши избор – но на крајот на денот тоа навистина е ирелевантно кога имате толку многу добра основа.

А најдобрата основа за совршени лазањи е мешавината за лазањи од Вегета Фант која содржи сушен кромид, домати, магдонос и целер.

so-vegeta-fant-vremeto-mozhe-da-se-kupi-02.jpg

Запечени тестенини со шунка и сирење

Чиста класика! Шунка и сирење природно си одговараат заедно, но кога ќе ги додадете тестенините кои претходно не треба да се готват, добивате вкусно и убаво јадење, па дури и најмладите можат да го подготвуваат со вас.

so-vegeta-fant-vremeto-mozhe-da-se-kupi-03.jpg

Запечени тестенини болоњезе

Идеално јадење кога не знаете што да готвите или немате доволно време за поголеми кулинарски предизвици. Едноставно и брзо за подготовка, без претходно да се готват тестенините, без миење садови и нередот во кујната. Сушените зачини даваат богат медитерански вкус на мешавината која е без додадени подобрувачи на вкус. Практично, брзо и вкусно.

so-vegeta-fant-vremeto-mozhe-da-se-kupi-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Миа Костова и Тијана Скулиќ си купија плацеви во Соње една до друга: „На здравје со сосетката“ Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На...
Љупка Митрова се сонча сосема гола покрај базен во Грција, по одморот со сопругот во Италија (фото) Во провокативни пози атрактивната струмичанка позира додека се сонча гола, откак...

Најчитани неделава