Една година KFC во Македонија: Кој го знае тајниот рецепт и што најмногу се продава кај нас?

По една година успешно работење на KFC во Македонија, откриваме сѐ што не сте знаеле досега за омилениот ресторан и највкусното пилешко во светот.

edna-godina-kfc-vo-makedonija-koj-go-znae-tajniot-recept-i-sto-najmnogu-se-prodava-kaj-nas-02.jpg

Кој го знае тајниот рецепт, кој е процесот на подготовка на крцкавото пилешко и што најмногу нарачуваат Македонците?

Сите прашања ни ги одговори г-дин Фатмир Фејзули, генерален менаџер на KFC Македонија:

На 14 септември прославивте една година од постоење на KFC во Македонија. Кој беше најголемиот предизвик на KFC во Македонија?

Најголемиот предизвик беше што во Македонија во ист период лани паралелно ги подготвувавме и отворивме првите два наши ресторана, во City Mall во Скопје и Palma Mall во Тетово. За да биде уште поголем предизвикот требаше да се оформи тим и професионален кадар, и да се обучи за сите ригорозни стандарди кои брендот KFC ги поставува како дел од својата пракса во светот. Навистина е потребно многу труд и енергија со цел доследно да го претставиме KFC во Македонија и да ги следиме сите стандарди. Секој од нашите ресторани на квартално ниво во годината поминува низ ненајавени темелни ревизии од YUM! Групација која е одговорна за KFC, Taco Bel, и Pizza Hut, и особено ми е драго што нашите ресторани континуирано се оценувани со највисоки оцени.

После една година, особено сум горд што KFC Македонија брои стотина вработени и се отворени вкупно четири ресторани, три во Скопје (во City Mall, Ramsotre Mall, Point Retail Park) и еден во Тетово (Palma Mall). Според нашите проекции, до крајот на годината ќе отвориме уште еден ресторан во Скопје.

edna-godina-kfc-vo-makedonija-koj-go-znae-tajniot-recept-i-sto-najmnogu-se-prodava-kaj-nas-05.jpg

Како е прифатен KFC досега кај нас?

Сѐ повеќе и повеќе луѓето го прифаќаат брендот KFC и портфолиото на производи кои ги нудиме. Свесни сме дека потрошувачите во Македонија го заслужуваат најдобриот квалитет и затоа континуирано ги следиме нивните барањата и се трудиме да се доближиме со многу поприфатливи понуди со цел да ги охрабриме да ги вкусат нашите производи.

Само колкумина кај нас и во светот го знаат тајниот рецепт за пилешкото?

KFC е еден од двата бренда во прехранбената индустрија во светот кои имаат таен рецепт и тој рецепт никој не го знае. Истиот како што е создаден од Colonel Sanders, oсновачот на ланецот на ресторани KFC во светот, се чува во сеф во претставништвото на KFC во Луизвил. Зачините со кои се подготвува пилешкото ги добиваме директно од сертифицираните добавувачи на KFC со цел да се задржи препознатливиот вкус и крцкавост насекаде во светот.

edna-godina-kfc-vo-makedonija-koj-go-znae-tajniot-recept-i-sto-najmnogu-se-prodava-kaj-nas-01.jpg

Кој е патот (процесот) до создавањето на препознатливото KFC пилешко?

Сите наши производи и состојки ги добиваме од сертифицирани добавувачи кои подлежат на строги месечни проверки на контрола на квалитетот од страна на нашата групација. Конкретно, пилешкото месо поминува јасно дефиниран процес на контрола и подготовка и од моментот на прием се врши проверка на температурата, складирање во посебни комори,  посебен процес на одмрзнување, маринирање по строго дефинирани правила и стандарди кои се разликуваат во зависност од парчето месо, “бредирање”, и на крај, подготовка во посебни печки под притисок кој не дозволуваат маслото да продре во внатрешноста на месото.

После подготовка, производите од пилешкото се чуваат во холдинг кабинети на одредена температура и се обележуваат со посебни тагови кои го означуваат времето за користење на производите, именуван како „Golden Chicken Standard“. За да се задржи квалитетот и крцкавоста на пилешкото месо, според овој стандард временскиот период за кој е најдобро да се користат производите, варира од 30 до 60 минути. Тука менаџерите на рестораните се соочуваат со голем предизвик при проценката за подготовка на одреден број производи во одреден временски интервал со цел нашите гости да го добијат највкусното крцкаво пилешко месо во секое време.

Можеби нашиот процес на подготовка на пилешкото е подолг, но токму со овој процес и начин на подготовка на производите ние се разликуваме во нашите процеси на подготовка од нашите конкуренти.

Кој е најпродаван производ во Македонија?

Во однос на бургерите, најпродаван производ е Cheese Burger кој е и апсолутен хит во нашите ресторани, како и Triple Double како најголем бургер во нашето портфолио и одличен избор за гурманите. Во однос на кофички и парчиња пилешко месо, најпродавани се нашите пикантно лути крилца (Hot Wings) и крцкавите мини филети (Crispy Strips).

Што сакаат Македонците повеќе, бургери или препознатливите KFC кофички?

Со оглед на тоа што Македонците се навикнати на бургери, истите се многу продавани и кај нас. Сепак,  драго ни е што и KFC кофичките кои се најпрепознатлив производ во портфолиото на KFC во светот, е одлично прифатен и од нашите гости.

edna-godina-kfc-vo-makedonija-koj-go-znae-tajniot-recept-i-sto-najmnogu-se-prodava-kaj-nas-04 (2).jpg

Што сè е потребно за да успее една глобална франшиза на македонскиот пазар?

Пред сѐ би истакнал, усогласување на глобалните стандарди со нашите стандарди и процедури во земјата, како и огромна посветеност, упорност и вистински тим кој ќе се избори со предизвикот да ги имплементира и одржи глобалните стандарди на франшизата преточувајќи ги во успех. Секој од нашите вработени без разлика на која и позиција да е, мора да помине одреден период во кујна со цел да го научи целиот процес на подготовка на нашите производи.

edna-godina-kfc-vo-makedonija-koj-go-znae-tajniot-recept-i-sto-najmnogu-se-prodava-kaj-nas-2-2.jpg

Каде сè може да се пробаат Вашите специјалитети? Колку ресторани имате отворено кај нас досега?

До сега имаме отворено четири ресторани, три во Скопје (City Mall, Ramstore Mall, Point Retail Park) и еден во Тетово (Palma Mall). Посебно ни е драго што моментално го имаме и единствениот „drive thru“ ресторан кој работи до полноќ секој ден и истиот се наоѓа како дел од Point Retail Park.

Кои се Вашите идни планови? Што може да очекуваме следно од KFC во Македонија?

Континуирано се трудиме да воведуваме препознатливи производи на KFC со цел и нашите гости во Македонија да може да уживаат во нив. Затоа неодамна го донесовме во нашето портфолио и најпознатиот легендарен производ на KFC во светот, „BoxMaster“ кој претставува голема тортиља која е полнета со парче крцкаво пилешко филе, “hash brown“, кашкавал, “peper mayo“, ајсберг салата, домати и кисели краставички, и сето тоа спакувано во уникатна кутија.

Со прославување на нашиот роденден, сите љубителни на нашите Combos, кои се индивидуални оброци направени по наша препорака, ќе може да ги добијат во практично и тренди пакување кое е лесно за носење и консумирање на нашите производи во различни прилики и во секое време.

Во следниот период предвидени се уште многу активности со цел да ги израдуваме љубителите на нашите производи.

До крајот на годината ќе отвориме и уште еден „drive thru“ ресторан во Скопје кој ќе биде вториот ресторан од таков тип во Македонија. Очекуваме да продолжиме да го имплементираме планот за развој на програмата за локални добавувачи и се надеваме дека веќе од следната година ќе го доближиме брендот до нашите потрошувачи и во други градови.

edna-godina-kfc-vo-makedonija-koj-go-znae-tajniot-recept-i-sto-najmnogu-se-prodava-kaj-nas-2-3.jpg

edna-godina-kfc-vo-makedonija-koj-go-znae-tajniot-recept-i-sto-najmnogu-se-prodava-kaj-nas-2-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Ресторан во Свети Николе е вистинска есенска бајка со тикви, суво цвеќе и сено (фото) Со доминација на портокалови нијанси и многу различни облици на тикви, овој лока...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Маријан Стојаноски по третпат ќе стане татко: „Сопругата е во 8-иот месец, спремни сме за раѓањето н... „Сопругата Наташа е во 8-иот месец од бременоста. Ние сме веќе подготвени и го ч...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg