Охридска банка го прогласи победникот на креативниот маратон Rethink

Тимот „Леа“ е победник на предизвикот на Охридска банка на годинешниот „Rethink“ – креативен маратон во организација на Солвео. Тимот Леа, составен од економисти, дизајнери и девелопери, освои награда од 500 евра за нивното победничко решение кое вклучуваше машинско учење и анализирање на податоци преточено во модел за предвидувања на идни финансиски навики кај клиентите и врз основа на тоа - препорака за користење на банкарски продукти.

ohridska-banka-go-proglasi-pobednikot-na-kreativiot-maraton-rethink-01.jpg

На креативниот маратон „Rethink“, Охридска банка го постави предизвикот „Rethinking financial habit formation in young customers – Changing financial habits using Big Data & AI“. На предизвикот се натпреваруваа 3 тимови под менторство на продукт менаџери, специјалисти за продажни канали, ИТ специјалисти од Охридска банка и Сигмоид Груп со експертиза во полето на машинското учење и вештачката интелигенција. Предлог концептите креирани од тимовите учесници беа оценувани според критериумите иновативност, изводливост, едноставност при користење, потребно време за имплементација и тимска работа.

ohridska-banka-go-proglasi-pobednikot-na-kreativiot-maraton-rethink-02.jpg

Креативниот маратон „Rethink“ во организација на Солвео имаше за цел да го подобри дигиталното корисничко искуство кај бизнисите, а Охридска банка беше една од трите платинум спонзори на настанот. Креативниот маратон се одржа во Инофеит – Центарот за трансфер на технологии и иновации од 20ти до 22ри септември, 2019.

Со поддршката на овој настан, Охридска банка како посветена финансиска институција чија корпоративна вредност е иновативноста, продолжува да ги поддржува младите иноватори на полето на финансиски иновации со поддршка и организација на вакви натпревари. 

Би можело да ве интересира:

„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Менче Трповска: „Со вештачки колк, болки во лакт од стара операција и воспален нерв на кичма - истрч... Менче во 2023-та година имаше операција за замена на колкот, поради дијагнозата ...
Дарко од Скопје ја запроси саканата Ивана на јахта на Мајорка: „Имав помош од агенција за настани, о... „Ја излажав дека одиме во ресторан, а по претходно договорено сценарио, човекот ...
Викторија Лоба со моќна порака: „Земаш телефон и се споредуваш со цел свет, па си мислиш ‘Не сум дов... „Сите нешто трчаат, заработуваат, патуваат, медитираат, учат, готват, успеваат.&...
Лејла Рамковска со исповед: „Имав 49kg, две мали деца, изгубивме сè финансиски, имав брак кој се рас... „Заборавив каква бев пред 12 години… слаба, нефлексибилна, со гастритис, дискус,...
Ултрамаратонците пристигнаа на гробот на Тоше по истрчани 900km - во Крушево пречекани со црвени роз... Откако пред 2 дена тргнаа од Нова Градишка кон Крушево, ултрамаратонците денеска...

Најчитани неделава