Лејла Рамковска со исповед: „Имав 49kg, две мали деца, изгубивме сè финансиски, имав брак кој се распаѓа - јогата ме спаси“
- Детали
- среда, 08 октомври 2025
„Заборавив каква бев пред 12 години… слаба, нефлексибилна, со гастритис, дискус, спондилоза, калцификат на рамото, нарушен центарот за баланс и вертиго, само 49 килограми, со две мали деца, изгубивме сè што имавме, финансиски на дното, со брак кој се распаѓаше“, започнува емотивната исповед на Лејла Рамковска.

Лејла Рамковска е јога инструкторка, со повеќе од 29.000 следбеници, која не пропушта да спомене дека токму работата ѝ е најголемото задоволство во животот.
Таа изгледа фит и младешки поради јогата, а деновиве со своите следбеници сподели и една исповед како јогата ѝ помогнала.
Лејла се потсети на здравствените и животни маки од пред една деценија.

Нејзината исповед гласи:
„Заборавив каква бев пред 12 години… слаба, нефлексибилна, со гастритис, дискус, спондилоза, калцификат на рамото, нарушен центарот за баланс и вертиго, само 49 килограми, со две мали деца, изгубивме сè што имавме, финансиски на дното, со брак кој се распаѓаше.

Тогаш почувствував дека сум пред самиот крај на дното.
Токму тогаш се свртев кон себе.

Се изолирав и започнав со јога.
