Ултрамаратонците пристигнаа на гробот на Тоше по истрчани 900km - во Крушево пречекани со црвени рози
- Детали
- четврток, 16 октомври 2025
Откако пред 2 дена тргнаа од Нова Градишка кон Крушево, ултрамаратонците денеска стигнаа на вечното почивалиште на нашата музичка легенда.

Една од традициите по смртта на Тоше, која не престанува ни по скоро две децении, е ултрамаратонот кој се трча од Нова Градишка, местото каде што загина пејачот, до неговото Крушево.
И оваа година, неколкумина маратонци истрчаа околу 900km за да му оддадат почит на Тоше, а околу пладне стигнаа на гробот на Проески.

На улиците на Крушево беа пречекани од деца со црвени рози.
Потоа, му се поклонија на Тоше на неговиот гроб, а фотографии и видеа беа споделени на социјалните мрежи.

„Денес околу пладне, на 18-годишнината од прераното заминување на Тоше Проески, маратонците пристигнаа во Крушево, откако истрчаа пат од над 900km, кој започна пред два дена од Нова Градишка.
Со доаѓањето, положувањето цвеќе и оддавањето почит, тие уште еднаш покажаа дека Тоше живее во срцата на сите нас и по сите овие години, бидејќи легендите не умираат, тие продолжуваат да живеат - во песната и во секој чекор кон подобар свет!“
Повеќе фотографии:



А. Ј. | Црнобело