Процесирање нов тип на плаќања - Western Union безготовински трансакции во денари

Шпаркасе Банка го почна проектот за процесирање безготовински Western Union трансакции во денари преку Erste Group Bank AG.

procesiranje-nov-tip-na-plakjanja-western-union-bezgotovinski-transakcii-vo-denari-01.jpg

За првпат на домашниот пазар, Western Union преку својата електронска платформа им овозможува на клиентите реализација на прекугранични безготовински и електронски трансфери на средства во домашна валута (денари).

За овој вид трансфери се користат услугите на Erste Group Payment Function (Erste GPF) како payment hub, во кој се насочуваат плаќањата од платформата на Western Union кон Шпаркасе Банка. Потоа, откако ќе се утврди дали крајниот корисник е клиент на Шпаркасе Банка или, пак, е клиент на друга македонска банка, се постапува во согласност со правилата за спроведување брз трансфер на пари.

За клиентите на Шпаркасе Банка процедурата e идентична како за другите трансакции по налог на нерезидент во корист на резидент во денари. Со оглед на тоа дека трансакцијата се одвива помеѓу две физички лица, банката може да спроведе постапка на директна наплата и може да ги одобри директно на тековната сметка на корисникот на наплатата, без претходна писмена информација добиена од корисникот – физичко лице, доколку во известувањето за пристигнатата наплата добиена од странската банка е наведено дека станува збор за личен трансфер на средства.

Овие трансакции ќе се реализираат без провизија за крајниот корисник – примач.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Марјан Атанасов, наш астролог: „Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак“ „Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза. Го ...
Клиентка кај Габче на нокти: „Син ми Леоматео имаше 40 температура ама им го оставав во градинка - з... „Страшен е грипот ама на нога го поминав Габче, имав да ти кажам два-три дена те...
Македонец тргна да трча од Соборен храм до Острог цели 600km за да собере пари за болни дечиња: „Ќе ... „Овој пат не трчам за себе. Трчам за сите деца кои се будат во болнички соби, не...

Најчитани неделава