Клиентка кај Габче на нокти: „Син ми Леоматео имаше 40 температура ама им го оставав во градинка - за што се платени?“
- Детали
- среда, 24 декември 2025
„Страшен е грипот ама на нога го поминав Габче, имав да ти кажам два-три дена температура ама одев на работа. Син ми Леоматео имаше два-три дена 40 и многу кашлаше навечер и ќе му ставев сенф на нозете и преку ден немаше температура и им го оставав во градинка...“, гласи дел од виралната објава на Ина МногуФина.

Ина МногуФина со шеговит статус удри со критика по оние кои болни одат на работа, а особено ги осуди оние кои носат болни дечиња во градинка, па ги заразуваат и другите.
Поентата е на место, ќе се согласите, зарем не?
Виралната објава на Ина МногуФина:
„Страшен е грипот ама на нога го поминав Габче, имав да ти кажам два-три дена температура ама одев на работа.
Дома ако седам бетер ќе ми е, вака ќе се промешам со луѓе и си чувам денови за мајот за во Флогита.
Леоматео имаше два-три дена 40 и многу кашлаше навечер и ќе му ставев сенф на нозете и преку ден немаше температура и им го оставав во градинка.
Ај таму, за шо се платени они?
Како не ќе идам јас по лекари нон стоп, многу знаат тие само пари да земат.
Тука од страна на ноктиве стави ми повеќе циркони. Како се викаат, дакнејлс? Многу се убави, баш вакви сакам.
А ја виде онаа сељанкана у група што пишала да не ги носиме децата во градинка кога се болни, ги заразувале другите? Нејзиното завршило во болница.
Па шо да праиме ние сега, одморот стар да го трошам за нејзиното да не се разболи? Или боловање да зеам да ми кратат од плата?
Ајде бе, не знаат да си ги чуваат, па рани го здраво нема да ти се разболува. За што плаќам градинка јас, за дома да го чувам?
Е розевкото машниче да, залепи го.
Во вторник сме, во кафана, ордевери систем. Не ми се иде да ти кажам ама ќе одам и штикли земав вакви исти со циркони има да прснат од љубомора овие од архива“.
С. С. | Црнобело