Сашка Николова избрана за нов претседател на ИАБ Македонија

Сашка Николова, Медиа директор на маркетинг агенцијата „Медиа План“ е избрана за нов Претседател на ИАБ Македонија, здружението чија основна цел е развој и унапредување на дигиталниот адвертајзинг пазар.

sashka-nikolova-izbrana-za-nov-pretsedatel-na-iab-makedonija-01.jpg

Николова на позицијата доаѓа на местото на Борис Ефтимовски, сопственик на специјализираниот портал „Маркетинг365“ и професионалец од областа на маркетингот и односи со јавноста кој го предводеше здружението во изминатите две години. За нов потпретседател е избран Јане Бајалџиев  од „Хттпоол“, а за генерален секретар на здружението реизбран е Никола Анчевски од агенцијата „Ovation“.

На изборното собрание кое се одржа на 30-ти Септември во „Хотел Карпош“ во Скопје, собранието на ИАБ Македонија избра и нов извршен и надзорен одбор.

Новиот Извршен одбор, покрај Претседателот Сашка Николова, ќе го сочинуваат и: Јане Бајалџиев (Хттпоол), Никола Анчевски (Ovation), Борис Ефтимовски (Маркетинг 365), Дарко Лазаревски (Кајгана Медиа), Ира Бабиќ (Бренд Јунион), Ненад Ристевски (PublicisOne Македонија), Стојче Ѓорѓиев (Факултети.мк) и Игор Поповски (ЦрноБело Медиа).

За членови на Надзорен одбор се избрани Дамјан Дано (IT.mk / ИВМ Нетворк), Мери Шешо (Меккен Скопје) и Александар Манев (Фактор).

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија е формирано во 2012 година од страна на најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг агенции и огласувачи, и фукнционира под лиценца на американскиот IAB со седиште во Њујорк.

Некои од главните цели и активности на здружението се: промоција на индустријата и запознавање на јавноста со можностите и бенефитите од огласувањето на интернет; организација на семинари, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми; дефинирање на стандарди за огласување на интернет, како и справување со проблемите кои произлегуваат од индустријата.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...

Најчитани неделава