Никогаш не е доцна, одберете го производот и почнете да штедите

Без разлика дали вашата долгорочна цел е да купите сопствен дом, да ги школувате вашите деца на добар факултет или да се пензионирате во удобност, постои една заедничка потреба: Треба да започнете да штедите пари.

nikogash-ne-e-docna-odberete-go-proizvodot-i-pochnete-da-shtedite-01.jpg

Постојат различни начини на штедење – најдобро решение е да се штеди во банка, затоа што е најсигурно и истото ви носи дополнителен приход.

Кога се започнува со штедење во банка, важно е да се избере најадекватниот производ за штедење прилагоден на потребите и темпото на живот на секој поединец. Халкбанк нуди најразлични видови на депозити, дизајнирани за задоволување на различни потреби и можности кои имаат фиксни каматни стапки за целиот период на орочување на паричниот депозит.

Најиновативен производ на Халкбанк кој е и со најатрактивни каматни стапки е Онлајн депозитот кој е наменет за физички лица корисници на електронско банкарство на банката. Клиентот преку компјутер, со неколку клика, може да ги орочи своите средства на 6,12 и 24 месеци, со најдобри фиксни каматни стапки, и притоа нема потреба да посети филијала и да потпишува и печати Договори за депозит.

Но Халкбанк нуди и други типови на штедење. Мој депозит е наменет за физички лица кои имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања во Халкбанк, кој дава можност доколку клиентот има потреба од повлекување на средства да не ја изгуби договорната каматна стапка.

nikogash-ne-e-docna-odberete-go-proizvodot-i-pochnete-da-shtedite-02.jpg

Кај Генерално штедење со фиксна каматна стапка, постои можност за исплата на каматата месечно или на крајот на периодот на орочувањето. Валути во кои се орочуваат средствата се: денари, евра и американски долари.

Постои и можност за Evolve депозит каде каматната стапка е прогресивна и расте на секои 6 месеци. Овој депозит се склучува на 24 месеци и клиентот има можност за дополнителни вложувања или предвремено раскинување. Каматната стапка во последниот период достигнува до 3,1% за денари и 1,9% за евра.

Дополнителни и повеќекратни уплати во текот на едногодишниот договорот за орочување нуди и Отворениот депозит кој е идеален за оние кои штедат секојдневно. Клиентот покрај уплати на депозитот на шалтерите во филијалите има опција да го надополнува депозитот преку електронско и мобилно банкарство или со траен налог.

Халкбанк не го заборава и штедењето за најмладите за кои е креиран Халки како дел од Детското штедење што опфаќа фиксни каматни стапки на рок до 5 години. За  корисниците на MasterCard Debit Contactless картичката на Халкбанк, пак, е креиран производот Е-Касичка со кој можете да штедите при секое плаќање.

Има многу можности за избор на начинот на штедење. Едно е сигурно - да се почне да се штеди никогаш не е доцна. Можеби октомври, кој е месец на штедење, е идеален момент да направите избор на депозитниот производот  и да почнете да штедите.

Би можело да ве интересира:

Андријана Јаневска прослави 15 години брак – свадбата ја правеле во Имес, денес со синовите уживаат ... Андријана Јаневска објави пред и потоа фотки – една од свадбата со Гино пред 15 ...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
„Човек со срце планина“ - Доктор Владимир Чадиковски објави емотивно видео за напуштените дечиња во ... „Во Битола постои едно место каде љубовта не е збор, туку секојдневие – Центарот...
Антониа Гиговска запеа во дует со свекорот Боби - Тој ја бакнува во коса, покажа колку ја обожава сн... Пејачот Боби Спасенцовски и неговата снаа, Антониа Гиговска, се многу блиски и м...

Најчитани неделава