ХалкБанка ги засади првите 152 дрвја обезбедени со користење на апликацијата HalkEco

ХалкБанк викендов ги засади првите 152 садници дрвја кои се обезбедени преку користење на апликацијата HalkEco. Во дворот на скопската Гимназија Зеф Љуш Марку засадени се 40 садници, а останатите 112 се засадени во школските дворови на основни училишта низ повеќе градови. Ова е прва акција на ХалкБанк за засадување дрвја, по лансирањето на апликација и е спроведена во соработка со Граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“.

halkbanka-gi-zasadi-prvite-152-drvja-obezbedeni-so-koristenje-na-aplikacijata-halkeco-01.jpg

ХалкБанк ја создаде апликација HalkEco со цел да придонесе за почиста и поздрава животна околина, преку поттикнување на граѓаните на поголема физичка активност.  За секои изминати 80 километри, вкупно регистрирани во апликацијата од страна на корисниците на истата, ХалкБанк засадува по едно дрво. За достигнување до 152 садници, граѓаните биле физички активни 12 160 километри, односно пешачеле, трчале или возеле велосипед и со тоа придонеле за намалување на емисијата на јаглен диоксид за 1 574 килограми.

Со користење на апликацијата и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја. Дополнително, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, корисниците ќе добиваат уште и HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци што ќе ги доделува според вредноста на собраните HalkCoins, ќе ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.

За две недели, откако е активна мултифункционалната мобилна апликација HalkEco, истата ја имаат симнато 2 270 граѓани, вкупно изминале 27 985 километри и со своите здрави навики ја намалија емисијата на јаглен диоксид за 3 614 килограми.

halkbanka-gi-zasadi-prvite-152-drvja-obezbedeni-so-koristenje-na-aplikacijata-halkeco-02.jpg

halkbanka-gi-zasadi-prvite-152-drvja-obezbedeni-so-koristenje-na-aplikacijata-halkeco-03.jpg

halkbanka-gi-zasadi-prvite-152-drvja-obezbedeni-so-koristenje-na-aplikacijata-halkeco-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Дани Димитровска е модерна мајка - Го посети синот во Холандија и воодушеви со стилот додека се шета... „Долгите прошетки низ холандската калдрма ми се омилена активност… во чекорот со...
Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година Календарот со неработни денови и државни празници за 2025 веќе го подготвивме и ...
„Мајко, стигнав, ова е за тебе“: Антонио истрча 600km до Острог за да собере пари за Детската клиник... „Мајко… Стигнав. Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно. Твојот сон сега ...
Гласот на младите стоматолози од Штип: „Дентум“ ја буди студентската иницијатива Студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Ш...

Најчитани неделава