Младите подаваат рака - хумани гестови на „Каревци“ кои топлат срца во ладната зима

Се чини дека толку многу лоши работи секојдневно се случуваат во светот, што лесно се забораваат оние неверојатните, кои сѐ уште постојат и ни ја враќаат надежта за оваа наша планета.

Mladite-podavaat-raka-humani-gestovi-na-„Karevci“-koi-toplat-srca-vo-ladnata-zima 01 630x340.jpg

Нашите деца. Во нив е иднината.

Еден од најубавите докази за детската совесност, човечност и емпатија се учениците од СУГС „Никола Карев“.

Станува збор за еден од поголемите мега проекти по граѓанска култура, односно таканаречената каревска „ДАВАЛНА“.  Проект кој прв пат започна уште во октомври 2018 година.

Учениците имале задача на почетокот да соберат што повеќе сочувана облека, играчки, да изработат честитки како и имиња од стиропор.

Mladite-podavaat-raka-humani-gestovi-na-„Karevci“-koi-toplat-srca-vo-ladnata-zima 02 630x340.jpg

Во текот на  активноста, учениците излегле со предлог дека би било убаво, доколку би било изводливо да се најде една куќичка на предновогодишниот базар, која ќе им послужи за спроведувањето на нивните хумани активности.

Со помош на Градот Скопје, овој предлог се реализираше минатата година.

Mladite-podavaat-raka-humani-gestovi-na-„Karevci“-koi-toplat-srca-vo-ladnata-zima 03 630x340.jpg

Учениците ја спроведоа нивната идеја да ги изложат собраните предмети и да им ги понудат на сите оние на кои им се најпотребни.

Лани, на 7 декември, тие заедно со нивниот ментор, професорката по граѓанска култура Валентина Панџарова, излегоа на предновогодишниот базар и веднаш предизвикаа огромен интерес.

Навистина, не е вообичаено во нашата средина некој да дава, а за возврат да не очекува ништо.

Mladite-podavaat-raka-humani-gestovi-na-„Karevci“-koi-toplat-srca-vo-ladnata-zima 04 630x340.jpg

Целта која со сигурност ја постигнаа, беше да ги промовираат хуманите вредности на давање на оние на кои им е повеќе од потребно. 

Учениците од „Никола Карев“ нудеа бесплатни топли чајчиња, сендвичи, колачиња, кои ги изработуваат нивните родители, што би значело одобрување и помош од средината.

Иако било предвидено учениците на плоштадот да останат три дена, нивниот ентузијазам ги задржал многу подолго од очекуваното.

Тие станале препознатливи и за граѓаните кои сакаат да донираат и за оние на кои им е потребна рака за помош.

Mladite-podavaat-raka-humani-gestovi-na-„Karevci“-koi-toplat-srca-vo-ladnata-zima 05 630x340.jpg

Извонредната „ДАВАЛНА“ предизвика интерес и кај медиумите, бидејки се смета за единствен проект од ваков вид во Скопје.

Mladite-podavaat-raka-humani-gestovi-na-„Karevci“-koi-toplat-srca-vo-ladnata-zima 06 630x340.jpg

Оваа година, односно со доаѓањето на оваа зима „Каревци“ не застануваат. Во соработка со својата менторка без која велат дека не би можеле, тие се стремат кон нова хумана акција.

Станува збор за мотото „Јадевте ли денес?“.

Со мало пакетче кое ќе сочинува топол оброк и облека, тие повторно ќе ги греат срцата на оние најкревките.

Умните и хумани глави продолжуваат да целат кон своите сништа, да помагаат на оние на коишто им е најпотребно и да ни ја враќаат надежта дека сепак сме нација која има со што да се гордее.

Mladite-podavaat-raka-humani-gestovi-na-„Karevci“-koi-toplat-srca-vo-ladnata-zima 07 630x340.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава