ONE HOSPITAL- најсовремена медицинска опрема и врвен медицински кадар, сѐ на едно место

ONE HOSPITAL е отворена за секого, секој ден од годината, обезбедувајќи примарна и секундарна здравствена нега, како и врвна дијагностика во центарот на Тетово. Со речиси 100 вработени, од кои 20 доктори и преку 40 медицински сестри, ONE HOSPITAL претставува медицински центар кој се протега на 3000 м2 и нуди комплетни дијагностички и болнички услуги.

one-hospital-najsovremena-medicinska-operma-i-vrven-medicinski-kadar-se-na-edno-mesto-01.jpg

Со ONE HOSPITAL се поставува нов концепт на дијагностика и третман во областите на Општа Хирургија, Пластична и Реконструктивна Хирургија со Естетика, Ортопедија, Интерна Медицина со комплетен Ендоскопски и Колоноскопски пакет, Педијатрија, Неврологија, Урологија, Радиологија, Гинекологија, Стоматологија, Ортодонција и Орална Хирургија.

ONE HOSPITAL е опремена со ПЕТ/КТ скен, една од најпрецизните дијагностички методи на нашето време кој се користи во областа на онкологијата за детекција на тумори, одредување на стадиумите на на туморот и негово ширење, планирање радиотерапија, откривање како телото реагира на третманот и одредување дали туморот е малиген или бениген.

one-hospital-najsovremena-medicinska-operma-i-vrven-medicinski-kadar-se-na-edno-mesto-02.jpg

ONE HOSPITAL поседува и МРИ 1.5 Тесла уред кој обезбедува уште подетална и посигурна дијагноза на болеста. Одделот за радиологија поседува и апарат за повеќеслојна компјутерска томографија , Мамографија, Дезинтометрија на коски, Рендген, Ехо.

Одделот ONE ESTHETICS применува напредни процедури од светска класа, користејќи  софистицирана и модерна опрема  и технологија, а нашиот тим го водат врвни специјалисти со долгогодишно искуство.  Ги нудиме следниве процедури: ботокс и филери, трансплантација на коса, дерматологија, отстранување на лузни, ласерска епилација, козметичка стоматологија, импланти, пластична и реконструктивна хирургија.

ONE HOSPITAL се разликува од останатите медицински центри по неколку важни аспекти и затоа претставува лидер во болничка терапија и третман.

one-hospital-najsovremena-medicinska-operma-i-vrven-medicinski-kadar-se-na-edno-mesto-03.jpg

Еве неколку причини зошто ONE HOSPITAL:

- Атмосферата во болницата е апсолутно пријателска и топла, така што со влегувањето во  ONE HOSPITAL пациентите се чувствуваат сигурно и опуштено, што е од особена важност за одржување и градење на взаемната доверба.

- Поради ПЕТ КТ и МРИ 1.5 ONE HOSPITAL претставува еден од ретките медицински центри во регионот кој ја има најновата технологија за рано дијагностицирање и третман на тумори.

- Компетентен медицински персонал кој е комплетно фокусиран на пациентите: експертскиот тим на ONE HOSPITAL се состои од врвни доктори со искуство, знаење и ентузијазам да дијагностицираат и лекуваат широк спектар на здравствени проблеми и состојби со користење на светски докажани методи, опрема и технологија.

-  Услугите на ONE HOSPITAL се достапни 24 часа во неделата, со удобност и хигиена на многу високо ниво според сите светски стандарди.

one-hospital-najsovremena-medicinska-operma-i-vrven-medicinski-kadar-se-na-edno-mesto-04.jpg

ONE HOSPITAL има свои поликлиники и во Скопје и Гостивар.

Би можело да ве интересира:

Македонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма 11.02.2026 Mакедонскиот уролог д-р Виктор Станков, од Универзитетската клиника з...
Стефан Лазаров: „Синот ќе се вика Лука, уште немаме купено ништо за бебето“ „Оставивме собата за Лука да си ја направиме Марта и јас, со помош и од нашите р...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
„Ќе нè чува од таму горе“ - Александра Шијакоска сподели дека синчето што го родила заминало во рајо... „Малото братче на Риан се роди денес и отсега ќе нè гледа и чува од рајот... Пла...
Мотоциклистот Христијан Бузалковски и пријателите собраа 1.600 пакетчиња за деца од ранливи категори... „Особено ми го стопли срцето моментот кога делевме пакетчиња во затворот во Шуто...

Најчитани неделава