Меѓународниот Балкански Универзитет ја доби 13то Ноемвриската награда за најдобри резултати во крводарителството

(Скопје, 23.11.2019) - Меѓународниот Балкански Универзитет ја доби 13то Ноемвриската награда како образовна институција со најдобро постигнати резултати на полето на крводарителство во 2018 година. Универзитетот за ова престижно признание беше предложен од Општинската организација на Црвениот Крст Чаир, a наградата ја примија на годинешното Собрание на Црвен Крст на град Скопје кое се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

megjunarodniot-balkanski-univerzitet-ja-dobi-13to-noemvriskata-nagrada-za-najdobri-rezultati-vo-krvodaritelstvo-1.jpg

Покрај редовните крводарителски акции, Црвениот Крст на Град Скопје, ја има поддршката на универзитетот и од аспект на регрутирање волонтери и членови со што се поставуваат темелите за отворање на Клуб на млади во рамките на Универзитетот.

Успешната приказна на Меѓународниот Балкански Универзитет започна во 2006 година како културен мост меѓу Балканот и Турција, со намера да се зголеми нивото на квалитет на човечкиот капитал во регионот. Главната мисија е едукацијата на самоуверени, високо професионални, општествено одговорни и глобално конкурентни лица. Целта на Меѓународниот Балкански Универзитет е да стане реномирана меѓународна образовна институција која со производство на најдобри професионални лица придонесува за развој и стабилност на Балканот.

Покрај нивната професионална мисија и цел, Меѓународниот Балкански Универзитет се докажа како институција која несебично ја шири својата хуманост.

megjunarodniot-balkanski-univerzitet-ja-dobi-13to-noemvriskata-nagrada-za-najdobri-rezultati-vo-krvodaritelstvo-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Кои познати Македонци добија принова во 2025-та? Некогашната кошаркарка Едина Муса стана мајка и го доби синот Максим, син доби и...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...

Најчитани неделава