Кои познати Македонци добија принова во 2025-та?
- Детали
- петок, 19 декември 2025
Некогашната кошаркарка Едина Муса стана мајка и го доби синот Максим, син доби и Миро Кацаров, а капитенот на фудбалската репрезентација, Енис Барди, во октомври доби ќерка - 2025-та беше плодна за македонските јавни личности.

Во 2025-та прва се породи планинарката Ирина Камилоска, а последен, пред крајот на годината, син доби пејачот Виктор Апостоловски.
Некои јавни личности кај нас првпат се остварија како родители, а други го добија своето второ дете.
Погледнете кои познати Македонци добија бебиња во 2025-та:
Водителот Миро Кацаров и сопругата Ивана, пред крајот на годината, станаа родители на синче, кому му го дадоа името Тадеј.

Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена, добија син и му дадоа библиско име - Адам.

Кристијан Станковски - Бомбакис во септември стана татко на Јована, која е негова втора ќерка.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, стана татко во октомври - неговата сопруга Фестина роди девојче, на кое со фудбалерот ѝ го дадоа името Аја.

Поранешната кошаркарка и фитнес инструктор, Едина Муса и нејзиниот сопруг Александар Димитровски - Мачка, го добија синот Максим во средината на февруари.

Модната инфлуенсерка Ксенија Деспотоска, ја роди ќерката Надја.

Актерката Симона Живковска, која по мајка е Македонка, а гради кариера во Велика Британија, го доби своето прво дете со партнерот Тео Џонсон на 21-ви мај.

Инфлуенсерката и некогашна пејачка Зои Блаж, односно Зорица Матијашич, доби ќерка со словенечкиот ракометар Тадеј Матијашич.

Планинарката Ирина Камилоска, се породи во јануари и со сопругот Павле Камилоски на ќерката ѝ го дадоа името Лена.

Еден од најхуманите Македонци, Борче „Донирај компјутер“ стана татко, а со сопругата ја добија ќерката Каја.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с...
„11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ...
Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ
Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ...
„Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други...
„Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о...
„Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...