Еден од најхуманите Македонци, Борче „Донирај компјутер“ стана татко: „Другари, сабајлево се роди Каја“
- Детали
- четврток, 21 август 2025
„Другари, сабајлево ни се роди Каја“ – напиша Борче „Донирај компјутер“, откако неодамна со слатка фотка од бебешко чорапче откри дека очекуваат принова. 22 години по операцијата поради тумор на мозокот, тој стана татко.

Борче Стаменов е човекот кој се прослави со својата хуманост и иницијатива „Донирај компјутер“, а години подоцна, неговата мотивација не згаснува, напротив, уште повеќе се бори за да помогне на многумина.

Прочитајте и Борче Стаменов, нашиот херој од реалноста - испрати две семејства на одмор, кои го немаа видено ни Охрид, ни Дојран
Неодамна, тој откри дека се подготвуваат за приновата со сопругата со која е во брак од мај 2025, со фотка од бебешко чорапче кое го држи во рака.

Претходно тој преку романтична објава за сопругата, најави дека очекуваат наследничка, кога напиша:
„Коа се запознавме за првпат во 2019 година, ја мислев дека она е препотентна скопјанка и ми идеше на нерви ама сепак ја сликав.
Она мислеше дека ја сум опнат, ужасно сум ја нервирал. После некако станавме другари. И бевме другари долго време.
На една свирка, додека Bad-Ass-All ја свиреа The one i love од R.E.M и ние урлавме Fireeee, fireeeeeee, сконтавме дека можеме да бидеме и нешто повеќе од другари.
И еве сме, уште најдобри другари. И сеа чекаме да ни се придружи уште една другарка за да ја носиме по концерти и сите заедно да урламе Fireee, fireeeee“.

Денес тој со своите следбеници и пријатели сподели убава вест, дека нивното семејство се проширило и станал татко.
„Другари, сабајлево ни се роди Каја“ - напиша тој на својот Фејсбук профил, каде доби голем број честитки за раѓањето на ќеркичката.


Инаку, на 3-ти март годинава, Борче го славеше својот втор роденден, односно 22 години од денот на операцијата поради тумор на мозокот.
Борче Стаменов за операцијата од тумор на мозокот пред 19 години: „Ме спаси цел тим доктори кои повеќе од 8 часа ми 'копаа' по главата“
M. M. | Црнобело