Се породи Симона Живковска, Македонката што го живее холивудскиот сон - доби син, партнерот пресреќен
- Детали
- сабота, 24 мај 2025
„И така, сите наши други достигнувања не можат ни да се доближат до насмевката на нашиот син. Добредојде бебе Зион... На 21 мај 2025, се роди благослов...“, напиша партнерот на Симона Живковска.
Актерката Симона Живковска, која по мајка е Македонка, а гради холивудска актерка го доби своето прво дете со партнерот Тео Џонсон на 21-ви мај.
Актерката не ја криеше радоста во текот на целата бременост, а и сега објави фотографии од болница на кои се пресреќни со приновата.
Нејзиниот сакан напиша:
„И така, сите наши други достигнувања не можат ни да се доближат до насмевката на нашиот син. Добредојде бебе Зион... На 21 мај 2025, се роди благослов...“
Писмо до нашето новороденче
За тебе никогаш не сме се двоумеле.
Те посакувавме од денот
кога Бог ни кажа дека си избран да победиш.
Сакам да го извикам тоа
Ќе бидам татко - срцето ми е полно.
Се чувствувам како да
ќе добијам своја мала копија“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





