Миро Кацаров стана татко - Сопругата Ивана се породи на ГАК, синот доби име со значење „храбро срце“

„Превозбуден сум што станав татко, адреналинот ми работеше цело време. Тоа е она што го кажуваат сите - како да не сум присутен на планетава, како да лебдам. Ете, сега го разбирам тоа. Ова е чувство кое го посакувам на секој“ - ни рече Миро и за CRNOBELO.com откри дека Ивана се породи на ГАК.

miro-kacarov-stana-tatko-soprugata-ivana-rodi-sin-se-porodi-na-gak-01.jpg

Водителот Миро Кацаров стана татко. Сопругата Ивана денес го роди нивниот син, кој ќе го носи името Тадеј, а има значење „храбро срце“.

Породувањето на Ивана помина во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат одлично, потврди Миро за CRNOBELO.com.

miro-kacarov-stana-tatko-soprugata-ivana-rodi-sin-se-porodi-na-gak-03_copy.jpg

Миро ни откри дека Ивана се породи на ГАК, кај Д-р. Ана Данева Маркова, но и дека тој не присуствувал на породувањето.

„Превозбуден сум што станав татко, адреналинот ми работеше цело време. Тоа е она што го кажуваат сите - како да не сум присутен на планетава, како да лебдам. Ете, сега го разбирам тоа. Ова е чувство кое го посакувам на секој“ - ни рече Миро.

Претходно, во интервју водителот ни кажа дека едвај чека да го земе синот во раце и дека долго време посакува да стане татко.

miro-kacarov-stana-tatko-soprugata-ivana-rodi-sin-se-porodi-na-gak-04_copy_copy.jpg

Тадеј е прво дете на Миро, а второ на Ивана, која ја има ќерката Миа.

Не е тајна дека Миро ја обожава Миа и често вели дека му е како ќерка.

miro-kacarov-stana-tatko-soprugata-ivana-rodi-sin-se-porodi-na-gak-02.jpg

Миро на Инстаграм Стори веќе почна да споделува и честитки од пријателите:

miro-02.jpg

miro-01.jpg

Прочитајте и Миро Кацаров ја обожава ќерката на сопругата од првиот брак: „Ја запознав Миа на 2 години - денес сме неразделни“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...

Најчитани неделава