Избрани мажите на годината за 2019 година: Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година, на официјалниот избор на Мажи на годината за 2019 година во организација на првиот онлајн магазин за мажи Friday.mk.

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-01.jpg

На гала вечерта која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2019 година.

На вториот официјален избор се избираа мажите на годината за 2019 во 13 категории.

Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Мислав Галер.

Првиот човек на А1 групацијата во Mакедонија ни доаѓа од Хрватска и важи за личност кој е доста приземен со џентлменски манири, покрај главната награда ја освои и наградата за Маж странец во Македонија со што само го потврдува патот кон успехот кој го има зацртано.

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-02.jpg

Во категоријата Менаџер на годината за 2019 наградата ја доби Арсим Папранику, сопственик на Нептун и Skopje East Gate, наградата Млад менаџер отиде во рацете на Крис Поповски и Ненад Пантовиќ сопственици на македонскиот бренд за изработка на одела Сињори, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе генералниот директор и претставник на Gulf Македонија, Владимир Стајиќ.

За Маж со најголем придонес во културата беше избран пејачот со најубав глас Влатко Лозаноски, Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Елиф Елмас.

Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Енвер Малиќи сопственик на Гемак и Хотел Парк, а заменик градоначалникот на Скопје и почесен конзул на Мексико се закити и со наградата за Маж со трајни вредности.

Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Стојанче Стоилов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Габриел Стибел, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Божидар Јанковски.

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-03.jpg

"Оваа вечер во DoubleTree by Hilton Skopje на една прекрасна гала манифестација, ги славевме  успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Овој настан нѐ прави многу среќни бидејќи успеавме да направиме настан кој втора година буди огромен интерес во јавноста. На едно место собрани убави луѓе, кои навистина даваат голем придонес во развој на џентлменската култура и генерално во заедницата е нешто кое не се опишува со зборови. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати. Изборот на Мажи на годината стана релевантен коректив за сите мажи, стана мотив да вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил. Се гледаме наредна година повторно“, изјавија организаторите од онлајн магазинот Friday.mk.

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-04.jpg

Идејата за реализација и организација на настанот е на првиот онлајн машки магазин Friday.mk inc, а беше поддржан од DoubleTree by Hilton Skopje, Орбико Анабела пафимерии, Шел, Диор, Бест Веј Инвестмент, Пивара Скопје, Амстел, Швепс, Габиачи, Тиквеш и ЛР, Аутомобили Груп, Јагуар и Ленд Ровер, Медисеи, Пантенол Екстра, Фабрика Карпош, ЛГА и од голем број на медиуми кој безрезевно ја дадоа поддршката.

"Голема благодарност сакаме да искажеме до нашите поддржувачи кои заедно со нас го направија овој настан да биде ваков како што е. Благодарност голема до жири комисијата која втора година по ред има една тешка работа да одлучи во нијанси кој ја заслужува помалку или повеќе оваа награда. Благодарност до сите медиуми кои ни дадоа максимална поддршка во текот на овие неколку недели. Посебна благодарност до ТВ 24 кои оваа година ги земаа правата за снимање и емитување на настанот, со што целокупната македонска јавност ќе може да ужива во овој преубав настан."

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-05.jpg

По официјалниот дел гостите уживаа во забавата во добра музика и пијалок на кој ги споделуваа своите импресии, за време на доделувањето гостите добија пријатно изненадување со музички настап на Мажот со најголем придонес во културата Влатко Лозаноски.

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-06.jpg

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-07.jpg

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-08.jpg

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-09.jpg

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-10.jpg

mislav-galer-e-mazh-na-godinata-za-2019-godina-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Тин ѕвездата Миха Гигов наполни 18 години, Цаци Паковска горда на него: „Порасна во прекрасен маж и ... „Независно колку високо се издигна, никогаш не заборави од каде доаѓаш. Остана п...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...

Најчитани неделава