Петар Денковски – нов генерален директор на Веро

Од 2 декември 2019 година, Петар Денковски е назначен за нов генерален директор на Веропулос Дооел Скопје, кој доаѓа на местото на досегашниот генерален директор, Лукас Бисиас. 

petar-denkovski-nov-generalen-direktor-na-vero-01.jpg

Петар Денковски, дипломиран економист, е дел од Веропулос уште од самиот почеток, односно од отворањето на првиот Веро маркет во населбата Аеродром во Скопје во мај 1997 година. Тој ја градеше својата професионална кариера поминувајќи ги речиси сите скалила во Веро, почнувајќи од секторот финансии, менаџер на маркет, регионален менаџер, менаџер за набавки, менаџер за комерцијала и маркетинг, а последните 10 години беше главен комерцијален директор на Веро во Република Србија.  

Досегашната професионална кариера на Денковски ја одбележаа бројни постигнати успеси како на македонскиот, така и на српскиот малопродажен пазар. Тој одигра значајна и клучна улога во развивањето на брендот Веро во Македонија и неговото позиционирање како водечки синџир супермаркети на македонскиот пазар со препознатлива врвна услуга, широк асортиман на домашни и увозни производи и конкурентни цени.

Успешниот начин на работење во Македонија, Денковски успеа да го пренесе во работењето и на Веро маркетите во Република Србија, каде благодарение на неговото лидерство, компанијата го зголеми пазарниот удел на многу конкуретниот малопродажен пазар на кој функционират големи интернационални синџири маркети и оствари рекордни резултати во работењето, за што сведочат  голем број  освоени награди и признанија.

„Со долгогодишното професионално искуство на г. Денковски во малопродажбата и неговите извонредни резултати, во комбинација со неговата експертиза и уникатниот стил на управување, длабоко веруваме дека развојот и унапредувањето на нашата компанија ќе биде подигнато на уште повисоко ниво, со цел остварување на уште подобри резултати, креирање на нови проекти и реализација на амбициозни бизнис планови“, истакнуваат од Веро.  

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава