Со апликацијата HalkEco, Халкбанк останува посветена на создавање поздрава животна средина

Халкбанк и во 2020 година останува посветена на активностите за подобрување на животната околина преку апликацијата HalkEco.

so-aplikacijata-halkeco-halkbank-ostanuva-posvetena-na-sozdavanje-pozdrava-zhivotna-sredina-01.jpg

Мобилната апликација со која се засадуваат дрвја и се поттикнуваат граѓаните на физичка активност, ги заокружува активностите на банката во корпоративната општествена одговорност. HalkEco сѐ повеќе станува алатка преку која се подигнува еколошката свест и се пошумуваат зелени површини. Граѓаните сѐ повеќе ја користат и сѐ повеќе се физички активни, со што придонесуваат Халкбанк да засадува дрвја.

Популарноста на апликација меѓу граѓаните се должи на мултифункционалноста и повеќеслојноста, со што во себе спојува повеќе активности, пошумување и засадување дрвја, мотивира физичка активност кај корисниците, дава можност за добивање награди, и најмногу од се ја буди еколошката свест кај граѓаните.

Преку апликација банката досега има засадено 152 дрвја, воглавно во градски средини и школски дворови во повеќе градови низ државата. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 135.236 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, со што обезбедија засадување на  над 1.690 нови дрвја и ја намалија емисијата на штетни гасови за над 17.227 CO2 кг.

Мобилната апликација HalkEco веќе има над 4.170 корисници кои и понатаму во континуитет овозможуваат банката да засадува дрвја во нивно име.

Халкбанк преку апликација ги поттикнува граѓаните на каква било физичка активност, пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, а како одговор на нивните заложби засадува дрвја, со што заедно придонесуваат за почиста и поздрава животна средина. На секои реализирани 80 километри, како вкупна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, банката засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.

Поттикнувајќи ги граѓаните на поголема физичка активност, истовремено сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, добиваат и HalkCoins. На седумте најактивни корисници веќе им донесе вредни подароци – тротинети и  велосипеди. На тројца од нив кои најмногу ја користеле апликацијата и веќе собраа по 2000 HalkCoins им беа доделени првите тротинети, а четворица со по 1500 HalkCoins добија велосипеди. Дополнително, банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и производи, според вредноста на собраните HalkCoins, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.

Како резултат на активноста на граѓаните, континуирано се засадуваат дрвја каде што има потреба. Досега се засадени дрвја во основните училишта Димитар Миладинов Скопје, Јан Амос Коменски Скопје, Гоце Делчев – Битола, Тодор Ангелевски – Битола, Александар Турунџиев, Петар Мусев Богданци, Браќа Миладиновци – Жван, Крсте Мисирков Куманово, Партение Зографски - Кисела Вода, Наим Фрашери Студеничани, Гимназија – Гостивар, Д-р Владимир Полежиноски Кичево, Зеф Љуш Марку, Мирче Ацев Скопје.

Садењето на нови дрвја ќе продолжи и во иднина на локации каде е потребно пошумување.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Раскинаа Александар Динев и Евче, се огласија со заедничка објава: „Веќе 4 месеци не сме заедно“ Во стилот на светските ѕвезди, кои преку јавни заеднички објави откриваат дека р...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...

Најчитани неделава