Новогодишно изненадување за децата од посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец" од Асоцијацијата на финансиски друштва
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 19-02-2020


Новогодишно изненадување за децата од посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец" од Асоцијацијата на финансиски друштва

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија (АФД) ги израдува децата од Посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец” со новогодишни пакетчиња.

novogodishno-iznenaduvanje-za-decata-od-posebnoto-osnovno-uchilishte-dr-zlatan-sremec-od-asocijacijata-na-finansiski-drushtva-01.jpg

Претставници на Асоцијацијата заедно со Дедо Мраз, денеска поделија околу 100-тина пакетчиња за сите ученици од училиштето. 

„Од името на учениците и вработените во ПОУ „д-р Златан Сремец“, од срце Ви благодариме за донацијата - новогодишни пакетчиња. Навистина ни е драго што денес АФД се одговорни за големиот број детски насмевки. Луѓето како Вас ги прават празничните моменти незаборавни.“ изјави Марија Делетиќ, директорка на ПОУ „Д-р. Златан Сремец”.

novogodishno-iznenaduvanje-za-decata-od-posebnoto-osnovno-uchilishte-dr-zlatan-sremec-od-asocijacijata-na-finansiski-drushtva-02.jpg

Со оваа донација, Асоцијацијата на финансиски друштва уште еднаш ја докажува својата посветеност и определба да реализира општествено одговорни практики кои овозможуваат придобивки за различни групи и сегменти на заедницата.

„Овие денови се потсетуваме дека треба да посветиме повеќе внимание на заедницата. Бидејќи празниците се време на љубов и дарување, ни претставува особено задоволство што со овој наш скромен гест, измамивме искрени насмевки и радост кај децата. Целта на оваа донација пред сè е да ги израдуваме децата, но истовремено, да пратиме и порака дека сите ние како активни чинители на заедницата имаме обврска да бидеме дел од креирањето на инклузивно општество, во и надвор од областа во која делуваме.“, изјави Јана Никодиновска, Генерален Секретар на АФД. 

novogodishno-iznenaduvanje-za-decata-od-posebnoto-osnovno-uchilishte-dr-zlatan-sremec-od-asocijacijata-na-finansiski-drushtva-03.jpg

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ е јавна установа за образование на деца со пречки во психофизичкиот развој кое што работи според специјализирани програми за ученици со интелектуална попреченост, аутизам и комбинирана попреченост, обезбедувајќи модерно образование и рехабилитација на децата преку поттикнување и развој на нивните способности и вештини.

novogodishno-iznenaduvanje-za-decata-od-posebnoto-osnovno-uchilishte-dr-zlatan-sremec-od-asocijacijata-na-finansiski-drushtva-04.jpg

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија и нејзините членки ФД Тиго Фајнанс, ФД Иуте кредит, ФД Мого, ФД Дигитал фајнанс, ФД Кредисимо, ФД М-Кеш и СН Финансиско друштво, вложува големи напори за обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата, еднаквост и етика, промоција на сигурни, општествено одговорни и одржливи практики на кредитирање, промоција на можностите што ги нудат небанкарските финансиски технолошки решенија, а кои ќе бидат од корист на поединците и општеството, како и изградба на конструктивен дијалог и дизајнирање среднорочна стратегија за одржлив развој на индустријата заедно со надзорните органи, регулаторот и законодавецот во државата.

novogodishno-iznenaduvanje-za-decata-od-posebnoto-osnovno-uchilishte-dr-zlatan-sremec-od-asocijacijata-na-finansiski-drushtva-05.jpg