CES 2020: Samsung открива нова категорија на иновативни aпарати за домаќинство

Модуларните апарати за домаќинство со нова технологија, осмислен дизајн и поврзаност се прилагодуваат за да одговараат на потребите на било кој модерен дом

ces-2020-samsung-otkriva-nova-kategorija-na-inovativni-aparati-za-domakjinstvo-01.jpg

Со низа на наградувани иновации на саемот CES 2020, компанијата Samsung Electronics продолжува да ги поставува стандардите за модерен дом. Овие нови паметни апарати ги менуваат секојдневните задачи, овозможувајќи им на луѓето да поминуваат повеќе време фокусирајќи се на работите кои што ги сакаат, со луѓето кои што ги сакаат, во просторот кој што го сакаат.

ces-2020-samsung-otkriva-nova-kategorija-na-inovativni-aparati-za-domakjinstvo-02.jpg

„Во компанијата Samsung, ја гледаме иднината која изобилува со нови можности и во тој контекст и за таа цел се собравме овде, во Лас Вегас, на саемот CES 2020 – да видиме што е тоа кое ни претстои во наредната деценија. Со појавата на вештачката интелигенција и Internet of Things (IoT), кои конечно станаа достапни и можни, благодарение на моќта на 5G мрежата, 2020та година го означува моментот кога нашата визија за интелигентно поврзан свет станува реалност“, изјави HS Kim, претседател и извршен директор на компанијата Samsung Electronics. „Ова ќе биде деценија која ќе ја одбележи Ерата на Искуства (Age of Experience) – ера на персонализирана технологија која ги исполнува желбите на корисниците и потребите на индивидуално ниво, бришејќи ги границите помеѓу дигиталниот и физичкиот свет.“

ces-2020-samsung-otkriva-nova-kategorija-na-inovativni-aparati-za-domakjinstvo-03.jpg

Новата, проширена понуда на Samsung за апарати за домаќинство, го отсликува новиот начин на кој денес живееме: домот не е повеќе само место за одмор и релаксација, туку сега домот е теретана, канцеларија и место за забава. Врз основа на овие променливи трендови, Samsung носи иновативни нови дизајни и размислува што претставуваат за корисниците производите кои се флексибилни, мултифункционални и кои поставуваат нов стандард кога е во прашање личниот стил.

ces-2020-samsung-otkriva-nova-kategorija-na-inovativni-aparati-za-domakjinstvo-04.jpg

Модуларни, приспособливи дизајни кои што поставуваат нови стандарди

- Иновативен и прекрасно дизајниран, BESPOKE фрижидерот воспоставува комплетно нова категорија на приспособливи апарати за домаќинство. Низ креативната употреба на материјали и бои, корисниците можат да го изразат својот стил и да остават свој личен печат на стилот во кујната. Покрај тоа, фрижидерот може да се прилагоди според потребите на корисникот со помош на Flex Zone, дел кој што може да се употребува или како фрижидер или како замрзнувач.

- Дизајниран за мали простори, преносната индукциска плоча Portable Slim Double Induction го олеснува подготвувањето на оброци во кујната - или дури и во некоја друга просторија од домот. Моќно и прецизно готви со два индукциски греачи, секој со по девет различни нивоа на моќ. Греачите можат да функционираат посебно, за тавчиња за пржење и садови или како една унифицирана, голема површина.

- Новата серија на Samsung Cube фрижидери нуди три нови модели: Вино (Wine), Пиво (Beer) и Убавина (Beauty). Овие модуларни фрижидери доаѓаат во различни стилски бои кои што невидливо се вклопуваат во било каков декор и дизајн, во било која просторија, вклучувајќи ја и спалната соба, бидејќи специјалната технологија за ладење е толку тивка што нема да го попречува сонот на корисникот.

- Samsung Shoe Care System ја претставува првата иновација од ваков вид за домашна нега на чевли во светот. Ова практично решение на корисниците им помага при одржување на омилените модни инвестиции, давајќи им можност на чевлите да бидат освежени, проветрени и суви. Истото помага чевлите да траат подолго, да изгледаат поубаво и придонесува за чувство на свежина.

ces-2020-samsung-otkriva-nova-kategorija-na-inovativni-aparati-za-domakjinstvo-05.jpg

Би можело да ве интересира:

„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg