Како до промена? Да ги избереме најдобрите за јавните претпријатија

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), веќе две години истражува како се избираат управните и надзорни одбори во јавните претпријатија и државните компании.


koj-toa-tamu-upravuva-idscs-so-odgovori-na-najgorlivite-prasanja-01.jpg

Истражувањата покажуваат дека поради недостатокот на процедури во јавните претпријатија, и државните претпријатија, на овие раководни позиција честопати се избираат луѓе со недоволно искуство, а како доминантен критериум се појавуваат партиските заслуги.

Во наредниот период ќе се публикуваат неколку видео материјали, кои ќе ги претстават заклучоците од истражувањата на пошироката публика.

Првото видео може да се погледне на:

Благодарение на проектот, повеќе надлежни владини институции започнаа со подготовка на измени на законите со кои ќе се избираат членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија (Закон за јавни претпријатија).

Дополнително, благодарение на помошта која доаѓа и од други организации на граѓанскиот сектор, во овој период се напиша и целосно нов закон за избор на високи раководни служби во администрацијата и јавниот сектор.

За повеќе информации околу активностите, следете ја фејсбук страната на ИДСЦС.

Овие истражувачки активности се дел од проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела" (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.

koj-toa-tamu-upravuva-idscs-so-odgovori-na-najgorlivite-prasanja-02.jpg

 

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Марина Ристовска, наша професорка: „Ах, питата со јаболка од Ванила и кога сами се возевме со автобу... „Бев трето одделение прв пат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно...

Најчитани неделава