Акција на Халкбанк за садење 6000 дрвја околу езерото Младост обезбедени преку апликацијата HalkEco

Вработените во Халкбанк заедно со работници од Македонски шуми и активисти кои ја користат мобилната апликација HalkEco, денеска на падините околу велешкото езеро Младост спроведоа акција за садење 6.000 дрвја.

akcija-na-halkbank-za-sadenje-6000-drvja-okolu-ezeroto-mladost-01.jpg

Оваа локација минатата година беше зафатена  со катастрофалниот пожар којшто уништи огромна површина боровa шумa. Дрвјата кои банката ги обезбеди и кои треба да помогнат за обнова на изгорените површини и повторно зазеленување на оваа туристичка локација, се резултат на кампањата HalkEco што започна минатата година и има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност.

„Халкбанк посветувајќи се кон подигнување на еколошката свест во нашата земја, минатата година направи еден значаен чекор и во таа насока ја разви мобилната апликација HalkEco. Оваа апликација е одлично прифатена од страна на корисниците, не само од оние кои редовно спортуваат, туку и од обичните граѓани кои решија со нејзината употреба да дадат свој придонес во засадување нови дрвја и заштита на животната средина. Ние во Халкбанк сме задоволни што во моментов имаме речиси 4 500 корисници на апликацијата кои со својата физичка активност ни дадоа обврска да засадиме над 2000 дрвја, ова е обврска која како банка со задоволство ја прифаќаме. Со нивните изминати над 160 000 километри евидентираме и намалување на емисија на штетни гасови за над 20.700 CO2 кг. Се надеваме дека со денешната акција, која ќе опфати пошумување на површина од околу 3 хектари, ќе успееме да помогнеме побрзо да се санираат и последиците од пожарите кои лани не само што ја нарушија убавината на околината на езерото Младост, туку и ја намалија функцијата на „белите дробови“ на Велес “, вели Маја Наумовска Савеска од Дирекцијата за односи со јавноста во ХалкБанк.   

akcija-na-halkbank-za-sadenje-6000-drvja-okolu-ezeroto-mladost-02.jpg

Мобилната апликација HalkEco е дизајнирана така што на секои реализирани 80 километри, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата и се регистрирани на неа, Халкбанк засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја. Истовремено, сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, добиваат HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци, според вредноста на собраните HalkCoins, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.

Халкбанк досега веќе спроведе една акција во која засади 152 дрвца во училишните дворови на основни училишта во Скопје и низ повеќе градови.

akcija-na-halkbank-za-sadenje-6000-drvja-okolu-ezeroto-mladost-03.jpg

Оваа банка како еко ориентирана компанија, во последните 8 години има финансирано повеќе од 6.000 еко проекти во износ од 36,6 милиони евра. Емисијата на јаглероден диоксид досега е намалена за 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава