Работниците од управата и правосудните органи од Југоисточниот регион се обучуваа за препознавање и пријавување на корупција

На ден 27.02.2020 година во Струмица, 50-тина членови на Синдикатот на УПОЗ од  Управата за јавни приходи, Државниот завод за статистика, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица, Општина Гевгелија и Општина Богданци, беа дел работилницата на тема „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”.

rabotnicite-od-upravata-i-pravosudnite-organi-od-jugoistochniot-region-se-obuchuvaa-za-prepoznavanje-i-prijavuvanje-na-korupcija-01.JPG

Ова е третата по ред работилница, која се организира од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), а со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД и беше наменета за работниците во јавниот сектор од Југоисточниот регион.

Вработените во администрацијата секојдневно се соочуваат со предизвиците на корупција и се во клучна позиција да ги идентификуваат, но и да помогнат во спречувањето на овие предизвици. Токму затоа, на работилницата во Струмица, тие се запознаваа со корисни информации на тема корупцијата но и со можните судири на интереси, како и со заштитните законски механизми и начините за препознавање и пријавување на корупцијата, кои се достапни и им стојат на располагање.

„Особено сме среќни и задоволни што феноменот корупција, од вработените во јавниот сектор почна да се препознава како негативна појава која го поткопува развојот на државата. Па така, на овие работилници имаме голем одѕив и присуство на вработени кои доаѓаат од јавни институции како што се судовите, локалните самоуправи, министерствата и агенциите. Веруваме дека само со заеднички напори можеме да ги намалиме негативните ефектите на корупцијата, надевајќи се дека еден ден целосно ќе ја искорениме“, изјави Трпе Деаноски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ. 

Покрај работилницата во Струмица, проектот„Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”, вклучува уште седум други работилници низ државата, наменети за вработените во јавниот сектор и една завршна конференција во Скопје. Проектот се имплементира со цел информирање на членовите на Синдикатот на УПОЗ на теми поврзани со спречувањето на корупцијата, а во исто време, и подигнување на свеста за последиците кои произлегуваат од корупцијата.

 

Би можело да ве интересира:

Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава