Ладна те носи во Дизниленд, Париз - Отворен е детскиот ликовен конкурс на Ладна на тема „Мојата омилена игра надвор“

Започна шестиот последователен детски ликовен конкурс на Ладна на тема „Мојата омилена игра надвор“. Најдобрите и најкреативните дела ќе бидат наградени, а главната награда е тридневно патување во магичниот Дизниленд во Париз.

ladna-te-nosi-vo-diznilend-pariz-01.jpg

„Целта на овој ликовен конкурс е поттикнување на креативноста кај децата, поттикнување на интересот за ликовната уметност, важноста за другарување и играње надвор, како и подигнување на свеста за значењето на водата и природата“, велат од Ладна.

Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години и 2) деца на возраст од 7 до 10 години.  Кога се работи за цртежите, нема ограничувања – тие може да бидат во било која техника. Стручното жири ќе одбере по три најдобри дела во секоја категорија, за кои Ладна обезбеди супер награди:

Прво место – две тридневни патувања во Дизниленд во Париз

Второ место – два годишни курсеви за цртање

Трето место – два таблети за цртање

Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број) треба да се испратат на адреса ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака: „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 6.5.2020.

Сите информации се објавени на ladna.com.mk и facebook/ladna.mk.

ladna-te-nosi-vo-diznilend-pariz-02.JPG

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава