Антониа откри на која песна се вљубила во Иван во „Еден на Еден“

Пејачката Антониа Гиговска и познатата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се гости во новата Еден на Еден кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5. 

antonia-otkri-na-koja-pesna-se-vljubila-vo-ivan-vo-eden-na-eden-01.JPG

Гиговска раскажа како го запознала пејачот Иван Јованов со кој е во врска, за нејзиното искуство како придружен вокал на Тамара на „Евросонг“. Taa запеа дел од нејзината омилена балада на која се вљубила во Иван, и за прв пат во Еден на Еден, во живо ја промовираше новата песна, „Крива сум“.

Начевски и Николов кои го судеа финалето на ЕП во Келн, раскажаа многу приказни од долгогодишната кариера.

„Во Африка, новинарот и снимателот влегуваат на терен среде натпревар, и додека уште трае играта прават прилог“, е едно од нивните искуства. „Таму навивачите се тепаат, се колат, се маваат со патики“, рекоа Ѓорѓи и Славе низ насмевка.

antonia-otkri-na-koja-pesna-se-vljubila-vo-ivan-vo-eden-na-eden-02.JPG

Тема на муабет беа и домашните натпревари, но и тепачката на Начевски со Веселин Вујовиќ пред многу години. Ѓорѓи ги искоментира и навредливите графити низ градот кои се однесуваат на неговиот татко, судијата Марјан Начевски.

„Такви графити има повеќе отколку за Бранко и Љупчо“, рече Начевски.

Жаре подготви и специјален осмомартовски монолог и песна.

Во продолжение, погледнете една од интересните приказни од ЕП во Келн на Начевски и Николов, каде што му беа досудени чекори на Карачиќ и најавата за емисијата:

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава