Македонскиот “Докотор за пица“ Зоран Јовановски, со своја Академија за пица мајстори во Шведска

За сите оние кои можеби не сте слушнале за него, Зоран Јовановски е еден од најдобирте пица мајстори во Европа кој има потекло од Македонија.

makedonskiot-doktor-za-pica-zoran-jovanovski-so-svoja-akademija-za-pica-01.JPG

Тој е човекот кој својот занает и знаење го научил надвор од Македонија, но решил да го пренесе тука и ја отвара најпозната академија за пица мајстори кај нас, Accademia Pizzaioli Macedonia која се наоѓа во Македонска Каменица. За многу кратко време неговата академија стана една од најпрестижните бидејќи нуди знаење кое во иднина би можеле да го искористите за да заработувате.

Accademia Pizzaioli Macedonia е академија која работи со лиценца на првото италијанско училиште за обука на пица мајстори во светот. Досега во неговата академија Зоран има обучено околу 60 пица мајстори за првите 2 години. Покрај луѓе од Македонија, неговата академија ја посетија и луѓе од Србија, Словенија, Австрија, Норвешка и др.

makedonskiot-doktor-za-pica-zoran-jovanovski-so-svoja-akademija-za-pica-04.JPG

Сепак нашиот македонскиот “Доктор за пица“ се реши своето знаење и својата работа да ја прошири и надвор од Македонија. Тој моментално работи на отворање на неговиот нов центар за обучување Accademia Pizzaioli Macedonia во Шведска.

Како што кажавте Аccademia Pizzaioli Macedonia е веќе препознатлив бренд не само во Македонија туку и надвор. Иако мојата идеја за отворање на пица училиште во Скандинавија е уште од поодамна, оваа година со претседателот на Аccademia Pizzaioli г-дин Енрико Фама, договоривме јас да добијам лиценца да отворам нов центар во Шведска, иако истата ја бараше многу познат шведски пица шеф. Моето искуство, знаење и стаж беа пресудни, со што сум многу горд. Новиот центар ќе биде во Стокхолм во ресторан Бродернас. Обуката ќе биде иста како и кај нас. Значи ќе има основен курс кој трае 5 дена или 40 часа, но ќе има и курсеви за безглутенска пица, наполетана и роман стил пица. Сертификатите ќе се добиваат од Италија и бидејки има голема побарувачка за пица мајстори секој еден што ќе го посети курсот веднаш ќе може да започне со работа. Замислено е пиците што ќе ги подготвуваат учениците да се продаваат по мимимална цена додека трае курсот. Инаку ќе работиме паралелно и во Македонска Каменица и во Шведска и јас ќе бидам единствениот инструктор од Аccademia Pizzaioli кој има две школи во две различни држави што за мене лично претставува голем успех. Значи секој може да се пријави на курсот и ние не само што професионално ќе го обучиме да работи било каде во светот туку и им даваме поттик на заинтересираните да добијат верба во себе и помагаме за полесно да најдат вработување – изјави Зоран Јовановски.

makedonskiot-doktor-za-pica-zoran-jovanovski-so-svoja-akademija-za-pica-03.JPG

Зоран Јовановски има учевствувано на голем број на меѓународни и интерконтинтални натпревари каде што ја претставувал Македонија и има добиено многу признанија и златни медали. Во наредната 2021 година, Зоран ќе биде судија на Шведскиот пица шампионат.

makedonskiot-doktor-za-pica-zoran-jovanovski-so-svoja-akademija-za-pica-02.JPG

Покрај академијата за пица мајстор, Јовановски отвори и негова пицерија во Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира:

Македонска свадба на плажа во Грција – се игра оро, ечи „Ти донесов млада невеста“ (видео) Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними ...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава