„Денес во 17 часот сите на тераса – со аплауз да ги поздравиме оние кои се грижат за нашето здравје и мир“

Водени по примерот на Италијанците и Шпанците и кај нас се појави добра иницијатива – денес сите да излеземе на тераса и со аплауз да го поздравиме медицинскиот персонал кој се жртвува за нашето добро, по иницијатива на Кристина Арнаудова.

denes-vo-17-chasot-site-na-terasa-so-aplauz-da-gi-pozdravime-onie-koi-se-grizhat-za-nasheto-zdravje-i-mir-01.jpg

На социјалните мрежи вирално се шири иницијатива на Кристина Арнаудова, со која ќе ја оддадеме нашата почит кон медицинските лица и Министерството за здравство, кои неуморно се вложуваат за пациентите, како и за доброто на останатите граѓани за заштита и избегнување на ширење на корона вирусот.

На нејзиниот Фејсбук профил таа повика во 17 часот сите да излезат на тераса и да дадат долг аплауз од срце.

И онака сега сите сме дома (барем се надеваме дека сега граѓаните повеќе ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот), па зошто да не направиме едно добро дело?

Инаку, многумина предлагаат ова да се случува секој ден во 17 часот.

Прочитајте го нејзиниот статус:

Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со Корона вирусот, здравствените работници!

Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави!

Ајде точно во 17ч сите да излеземе на терасите? Шерувајте ја оваа иницијатива и приклучете ми се!! ❤️❤️❤️

Би можело да ве интересира:

Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Миа Костова и Тијана Скулиќ си купија плацеви во Соње една до друга: „На здравје со сосетката“ Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На...
Позитива на денот: Јохан од Скопје си го изгуби папагалот, жена го пронајде на тераса, му јави - сег... „Испратив апел за помош преку Фејсбук... Ми се јави госпоѓа која нашла таков пап...
„Нека Бог ве води“ - Атрактивната водителка, Емакулате од Кенија, позираше новогодишно со сопругот М... „Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заед...
Љупка Митрова на луксузен одмор во Италија - Вила со приватно езеро, ноќевање е над 1.100 евра Љупка и сопругот Георги поминаа неколку дена во La Foleia, луксузна вила од 180m...

Најчитани неделава