Позитива на денот: Јохан од Скопје си го изгуби папагалот, жена го пронајде на тераса, му јави - сега папагалот е дома
- Детали
- среда, 20 мај 2026
„Испратив апел за помош преку Фејсбук... Ми се јави госпоѓа која нашла таков папагал и ја замолив да види дали папагалот има алка на десното ноџе... Ми вика не можам да видам на балкон е, покриен со бела пластична здела - страв ми е да не избега. Отидов и тоа беше мојата „Папиче“, веднаш ми дојде на гради“, вели Јохан Елзесер од Скопје.

Јохан Елзесер е наш урбан лик, кој со задоволство сака на социјалните мрежи да ги споделува случките од своето секојдневие.
Па, така овојпат тој се пожали дека му избегал папагалот, кој го сака премногу.
Јохан објавуваше фотографии и видеа од него, станува збор за женка по име Папиче, и испраќаше апели за помош.
Но, за среќа, ситуацијата среќно се заврши и неговиот миленик сега е дома.
Неговите објави ви ги пренесуваме во оригинална форма:
„Пак кидна. Ја слушам како пее, тука е во маало некаде.
Потег Реплек - Гоце Делчев студентскиот. Некаде е на балкон гарант. Куцнете ми во сандуче или ѕвонете слободно.
ЈАС СУМ КРИВ ЗНАМ!!!

Дечки, тоа е тоа, сега се прибрав од барање, ја нема, името ѝ е ПАПИЧЕ, реагира на името дури и знае да си го каже, на потег од Реплек накај Алумина, Козле на крај до Тафталиџе...
Питома е, застанува на пружен прст, застанува на рамо, сака луѓе, знам дека ќе се умори, ќе застане на некој балкон, подајте прст слободно, внесете ја внатре, ставете ја во некоја кутија и јавете ми се тука на Фејсбук на тоа телефончето или куцнете ми.
Шерувајте. Толку.
Заврна у маало. Тоа е добро. Ќе се сокрие се надевам во некој балкон.
Ѕиркајте или слушајте - може да пушти глас евентуално од глад и страв“.

За пронаоѓањето, Јохан вели:
„Јас у кревет уште и Тања ми се јави прва, ми вели: „Те тагнав имаш број (од жената што го нашла) - јави се“.
Рипнав, скролам Фејсбук, облекувам тренерки патики и кога вртев веќе бев у кола.

Ми се јави госпоѓа која ја замолив да види дали папагалот има алка на десното ноџе, ми вика не можам да видам на балкон е, покриена со бела пластична здела - ми е страв да не избега.
Ок, возам, веќе сум кај Алумина.