Како да бидете екореволуционер

Грижата за животната средина почнува од нас самите, од нашите еколошки навики и одговорноста према околината како заедница во која функционираме со други луѓе, но и други форми на живот.

kako-da-bidete-ekorevolucioner-01.jpg

Да се постапува еколошки на личен план воопшто не е тешко, но потребно е да се придржувате до неколку однапред поставени еко-правила кои не бараат голем напор, а даваат огромни резултати.

Охрабрете се да бидете иницијатор на еколошкото движење во вашето семејство, поблиското опкружување или заедницата во која живеете. Предложете им мали, но значајни промени на навиките и животниот стил, кои ќе придонесат кон создавање на подобра и поздрава животна средина. Започнете со неколку практични совети.

Одржливост

Првиот чекор кон одржлив живот е намалување на користењето на природни ресурси. Ре-употребата и долготрајната корист треба да дојдат на прво место, а тоа се постигнува лесно, со откажување од неколку навики. Најлонските ќеси за пазарење заменете ги со текстилна торба која ќе ја користите секојдневно – таа е универзална, издржлива и не зафаќа многу место – за разлика од најлонските ќеси кои се натрупуваат во некоја од фиоките или под мијалникот. Потоа, не ја оставајте водата да тече непотребно и не ги држете електричните апарати вклучени доколку не ги користите, а поттикнете ги и другите да го направат истото. Со мали измени, за кратко време ќе забележите големи резултати.

kako-da-bidete-ekorevolucioner-02.jpg

Рециклирај, рециклирај, рециклирај!

Се’ почеста тема на разговор низ светот е рециклирањето на отпадот и важноста на овој процес за иднината на планетата. Иако делува претерано, сепак рециклирањето спасува огромен дел од природните ресурси на Земјата и е најдобриот механизам за создавање на одржливо општество. Кога купувате производи, осигурајте се дека на амбалажата е втиснат знакот green dot, кој означува дека амбалажата е изработена од материјал што може да се рециклира. Кога ќе го фрлате ѓубрето од домот, побарајте ги контејнерите за амбалажен отпад на Пакомак и пластиката, картонот и стаклото ставете ги во нив. Дополнително, во домот поставете уште една корпа за амбалажен отпад и инсистирајте сите да го сортираат ѓубрето во правилната корпа. Така не само што ќе придонесете за почиста и поздрава средина, туку и ќе поставите пример за луѓето во вашето опкружување.

kako-da-bidete-ekorevolucioner-03.jpg

Проширете ја пораката

Иако чистата околина не зависи само од еден индивидуалец, сепак некој мора прв да ја поттикне промената. Слоганот „Мисли глобално, делувај локално“ се однесува токму на тоа – почнете ја промената во вашата околина и гледајте ги резултатите насекаде низ светот. Доколку секој еден човек ја пренесе пораката во неговото најблиско опкружување, набрзо таа ќе биде проширена низ заедницата и ќе има ефект над неа. Борбата за почиста и поздрава средина почнува од секој еден од нас!

kako-da-bidete-ekorevolucioner-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Се ожени Марио од 2Бона со саканата Исидора - венчавка во црква, невестата смени два фустани Марио Јелиќ - Кун од 2Бона, стапи во брак со саканата Исидора, за која...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава