Четворица ученици од „Јахја Кемал“ изработија бионичка рака за лица со недостаток на горен екстремитет

Тим составен од четири ученици од средното училиште Јахја Кемал се подготвени да направат големи промени. Имено, ние имаме направено бионичка рака или електронска протеза за лица со недостаток на горен екстремитет. Името на нашиот тим е Бионик. Орхан Багашов е задолжен за дизајнот и електрониката, Тео Китановски за програмирањето, Борис Ночески за социјалните мрежи и Анамариа Илиева за изработка на веб-страната.

cetvorica-ucenici-od-jahja-kemal-izrabotija-bionicka-raka-za-lica-so-nedostatok-na-goren-ekstremitet-01.jpg

Орхан, дизајнерот во тимот, при истражување за неговиот претходен проект - роботска рака, ги забележа високите цени на бионичките раце кои ние мислиме дека може да се намалат доколку се пристапи на технологијата на различен начин со помош на 3Д печатење.

Ни беа потребни неколку месеци за да направиме истражување за тоа што највеќе им е потребно на лицата без горен екстремитет и како можеме да го решиме тој проблем. За правењето на прототипот бевме лимитирани со време од 3 дена да го создадеме на работилниците од Generation Unlimited - Младинскиот Предизвик за дигитално решение за лица со посебни потреби од УНИЦЕФ. Ги поминавме првите два круга, сега се спремаме за третиот и имаме рок од три месеци да ја направиме првичната верзија на продуктот.

cetvorica-ucenici-od-jahja-kemal-izrabotija-bionicka-raka-za-lica-so-nedostatok-na-goren-ekstremitet01.png

Нашата целна група се лицата со недостаток на горен екстремитет кои во секојдневието се соочуваат со разни проблеми како пишување, интеракција со предмети, пишување на компјутер итн. Можеби знаете дека веќе постојат бионички раце или електронска протеза за овие лица. Но, тие бионички раце имаат поголем број на проблеми кои би можеле да бидат решени доколку општеството би било поинформирано за нив. Основата на овие проблеми е цената на бионичките раце која изнесува над 10.000 долари. Ова доведува до нивно неимплементирање во неразвиени земји и најчесто вградување на нив е на лица над 18 години поради растењето на нивното тело.

Доколку живееш во Македонија, потекнуваш од просечно домаќинство и си тинејџер, најверојатно не можеш да си дозволиш професионална бионичка рака. Но ние сакаме да го смениме тоа и да направиме бионичка рака која ќе биде достапна за секој кој има потреба од неа.

cetvorica-ucenici-od-jahja-kemal-izrabotija-bionicka-raka-za-lica-so-nedostatok-na-goren-ekstremitet02.jpg

Се фокусиравме да направиме бесплатна бионичка рака поради тоа што сметаме дека најголемиот проблем е нејзиното комерцијализирање. Нашиот модел подразбира дека секој кој има потреба од бионичка рака ќе може да ја избере својата големина на рака, да ги симне бесплатните модели за 3Д печатење преку Интернет, да ја испечати конструкцијата на 3Д печатач, да ги нарача останатите делови од Интернет и да ја состави сам без никакво претходно искуство во период од 6 - 7 часа. 3Д печатењето станува се подостапно за сите, но доколку некој нема 3Д печатач и не знае како да ракува со него, би можел да ги нарача деловите од фирми кои нудат услуги за 3Д печатење.

Оваа идеја според нас е решение на проблемите на досегашните бионички раце поради тоа што материјалите за изработка се поевтини, не се плаќа за транспорт, работна рака и профит за производител и добавувач. Достапна е во секој дел на светот и евтино е да се надогради за децата. Претпоставената цена за да се изработи е од 150 до 200 евра, што е околу 50 пати поевтина од наједноставните бионички раце на пазарот. Оваа идеја би живеела и без наша понатамошна подршка, ќе може секој кој има идеја и сака да помогне да ја подобри идејата.

Како што работиме на проектот постојано добиваме идеи за подобрување на бионичката рака и идеи за нови проекти, но се трудиме да бидеме реалистични за времето кое што го имаме на располагање, што не е многу и затоа планираме да се фокусираме на подобрување на бионичката рака.

cetvorica-ucenici-od-jahja-kemal-izrabotija-bionicka-raka-za-lica-so-nedostatok-na-goren-ekstremitet01.jpg

Кога слушнавме за предизвикот Generation unlimited сакавме да се соединиме сите четворица со познавања во различни полиња и да направиме нешто што би можело да му користи барем на еден дел од општеството и да ги поттикне и освести останатите дека има проблеми на луѓе кои ги забораваме.

На предизвикот Generation Unlimited ги поминавме првите два круга и добивме 1000 долари за да го развиеме продуктот и да се подготвиме за третиот круг, а се надеваме дека ќе поминеме до глобалното ниво и ќе имаме шанса да им помогнеме на лицата со недостаток на горен екстремитет.

Доколку сакате да не поддржите и да се информирате повеќе околу нашиот проект, тоа може да го сторите преку нашите профили на социјалните мрежи:

Facebook: https://www.facebook.com/eBionics/  (eBionics)

Instagram: https://www.instagram.com/ebionics.os/  (ebionics.os)

Би можело да ве интересира:

Нашиот Мики Секуловски воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“: „Ти си ајкула, местото ти е во финалето“ Босанац, кој е познат по тоа што ретко дели комплименти, по настапот, му кажа на...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење из... Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одл...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg