За бизнисите во криза - Изработка на бесплатни веб страни за онлајн продажба

На малите и средните претпријатија, чиј бизнис е во криза заради моменталната состојба, а има потенцијал да ја поткрене работата на ниво на онлајн продажба, тимот на Webpigment им овозможува изработка на бесплатна веб-страна за таа цел.

za-biznisite-koi-se-vo-kriza-a-imaat-potencijal-besplatna-izrabotka-na-veb-strana-za-onlajn-prodazhba-01.jpg

Многу компании од различни индустрии се погодени од кризата заради пандемијата на корона вирусот, голем дел од нив се целосно затворени, а други некако успеваат да се одржат.

Но, дефинитивно, бизнисите кои можат да продолжат со работа преку онлајн продажба, ќе се снајдат добро во овој период и ќе можат да ја надминат кризата.

Сепак, оние кои навреме не го имплементирале ова, сега се соочуваат со тешкотии, но за среќа, има и такви компании кои сакаат да им помогнат на оние кои се засегнати од овој проблем.

Тимот Webpigment се огласи дека сака да помогне и да изработи бесплатно 5 веб-страни за онлајн продажба, преку јавен повик, кој е наменет за мали и средни претпријатија кои се погодени од кризата.

„Инспирирани од глобалните промени, нашиот главен мотив зад идејата е да дадеме свој удел во задржување на работните места и поддршка на малите и средни бизниси во овие моменти кога се најмногу погодени.“ – стои во описот на јавниот повик.

Рокот за аплицирање е до петок 10.04.2020, а формата за апликација може да ја најдете ТУКА.

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Габриела Јанческа имала 20kg на една година, а 131kg на 23: „Бубрегот од левата страна ми беше откач... „Родена сум како бебе со нормална тежина, а на 23 години имав повеќе болести од ...
Мајка со деца нападната од кучиња во кичевско: „Малото ми го извлекоа од раце, го влечеа по бекатон,... „Излегов со моите две малолетни деца на кратка прошетка, кога нè нападнаа две аг...
Јован Јованов објави прва фотографија со девојката - Имаат врска на далечина, го посетува во Канада Јован Јованов е во среќна љубовна врска, откако откри дека се развел во 2018-та ...
Марјан Атанасов, наш астролог: „Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак“ „Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза. Го ...
Тамара Тодевска му направи роденденска забава на синот дома – сите се новогодишно облечени, имаат и ... Тамара Тодевска го врати шармот на домашните роденденски забави - синот Дарен пр...

Најчитани неделава