Тамара Тодевска му направи роденденска забава на синот дома – сите се новогодишно облечени, имаат и Дедо Мраз
- Детали
- среда, 17 декември 2025
Тамара Тодевска го врати шармот на домашните роденденски забави - синот Дарен прослави со другарчињата во новогодишно украсениот дом, сите беа во црвени, тематски аутфити, а ги забавуваше Дедо Мраз, кој им свиреше и пееше, додека децата танцуваат со диско светла.

На 12 декември, синот на Тамара Тодевска, Дарен, наполни 7 години, а по тој повод таа тогаш објави видео со заеднички фотографии.

Пејачката му го честиташе роденденот со емотивна порака, а неколку дена подоцна, му приреди и кул роденденска забава.
Дарен го прослави роденденот со домашна забава, во новогодишно украсениот дом, а сите гости другарчиња беа облечени тематски.

И мама Тамара заедно со другарките беше облечена во црвено, а освен добра музика и диско светла, децата ги забавувал и Дедо Мраз, кој им свирел и пеел.
Децата собрани на куп ја пееја „Елко елко“ и „Во светот на бајките“, а подоцна Дарен дувна свеќички на торта инспирирана од истата тема, со Дедо Мраз и Снешко.

Повеќе фотки:





М. М. | Црнобело