Известување за клиенти – времена измена на работното време на Триглав Осигурување

(Скопје, 08/04/2020 година) Согласно Одлуката за изменување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена на 36-тата седница на Владата на Република Северна Македонија за забраната за движење на населението на територијата на целата држава, Ве известуваме дека сите деловни простории на Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје почнувајќи од датум 08.04.2020 година ќе работат со времено изменето работно време секој работен ден од 09 часот до 13 часот.

izvestuvanje-za-klienti-vremena-izmena-na-rabotnoto-vreme-01.jpg

Во насока на превенција и заштита, советуваме посети на нашите локации единствено доколку бараната услуга е навистина неодложна.

За сите Ваши потреби можете да ги контактирате нашите вработени на телефонските броеви и електронските адреси објавени на веб-страниците www.triglav.mk, www.triglavzivot.mk , triglavpenzisko.mk.

Сите услуги и производи на Триглав се целосно достапни, а вработените навремено ќе ги контактираат клиентите во врска со обновување на веќе склучените полиси. Сервисите, кои Триглав ги има за online обнова на полиси се целосно овозможени преку интернет страницата на Триглав Осигурување, www.triglav.mk.

Ви благодариме и воедно се надеваме на разбирање и почитување на наведените вонредни мерки.

Со почит,

Триглав Осигурување
Триглав Осигурување Живот
Триглав пензиско друштво

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Се ожени Марио од 2Бона со саканата Исидора - венчавка во црква, невестата смени два фустани Марио Јелиќ - Кун од 2Бона, стапи во брак со саканата Исидора, за која...

Најчитани неделава