Триглав со нова услуга на пазарот - Онлајн плаќање на фактури

Триглав Осигурување воведе нова услуга на пазарот, онлајн плаќање на фактури. Оваа услуга за клиентите е достапна на веб страната на компанијата, www.triglav.mk во делот Онлајн услуги.

triglav-so-nova-usluga-onlajn-plakjanje-fakturi-01.jpg

Со цел олеснување на обврските, превенција и заштита на сите нас, Триглав Осигурување воведе нова услуга на пазарот, oнлајн плаќање на фактури. На овој начин компанијата им овозможи на клиентите во секое време, од својот дом, на многу едноставен начин да ги реализираат своите обврски кон Триглав.

И во овие тешки моменти на предизвици, изменет начин на живот и на работа, како и неизвесност, подготвени сме да помогнеме на нашите клиенти и партнери, кои согласно нашата развојна стратегија се на прво место. Денес почнуваме да нудиме можност за електронско плаќање на фактури, бидејќи како компанија сме должни да обезбедиме алатки, кои ќе ги олеснат сите аспекти од животот, особено имајќи предвид колку е во овој период важно сите да останеме дома и да го заштитиме нашето и здравјето на сите околу нас, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ

Триглав Осигурување и натаму останува достапен за сите услуги и производи, а компанијата работи со времено изменето работно време секој работен ден од 09 часот до 13 часот.

Полисите за осигурување клиентите можат да ги добијат по електронски пат. За таа цел треба да се обратат телефонски на својот осигурителен агент, или пак на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Штетите можат да се пријават електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со приложување на комплетна документација.

За итни автомобилски штети клиентите можат да закажат термин за пријава и проценка на штети на броевите на линкот во прилог.

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава