Нови мерки: За Велигден ограничено движење од петок до вторник

За време на продолжениот викенд по повод Велигден, Владата донесе дополнителни мерки за ограничување на движењето, со што ќе се спречи ширење на корона вирусот. 

novi-merki-za-veligden-ogranicheno-dvizhenje-od-petok-do-vtornik-01.jpgфото: depositphotos.com

За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април до 05 часот, се забранува движењето за сите граѓани.

Погледнете ги детално ограничувањата за движење:

novi-merki-za-veligden-ogranicheno-dvizhenje-od-petok-do-vtornik-02.jpg

Во соопштението на Владата стои:

На денешната владина седница донесовме одлука за ограничувањата на движењето за период којшто ни претстои, вклучително и велигденските празници.

За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот, се забранува движењето за сите граѓани.

Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително, од четврток (16 април) 16 часот, до вторник (21 април) 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.

За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие лица има целосна забрана.

Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

?__xts__%5B0%5D=68.ARCq758b5sHAO4ZgmSVe8flU4xRFPB_X-XVitXHHFWwHsDGf0AdKVcVGAwgAAhZ1RK9kyDJ9GsdQM52HACHljnVeW_KlEn5qqMVj_j-7IsaOeiEhPlaiBXmIgPZ9AGIGlUaBYqzojq2lHkgAj9OA1H6viNqdTFvmgs1is1HswEo-9kryMSOXcN3cOUs0R17ou0-Ka28CMKvHXV-F8XAWinyxlD-tbkIN_AJfuUTalJEEH4n9FG1v2Z6DvY5lxiM_WqMe6diLEqt_pVqcLbZ9oqzOTjnk3ZFlOJc3J2Oo9jwfL6QnRckqRjqMS29ifZ8Vnewro7uFNi6d2AtOMbTJsNcNTQ&__tn__=-R

Би можело да ве интересира:

Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Позитива на денот: Маж доби срце од донор на скопска Клиника - од 2021-ва бил на листата за транспла... „Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи....
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Денес почнува „Бела недела“, кога верниците се подготвуваат за Велигденскиот пост - Што треба да пра... Неделата пред Прочка, која секогаш е една недела пред почеток на велигденските п...
Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...

Најчитани неделава