Денес почнува „Бела недела“, кога верниците се подготвуваат за Велигденскиот пост - Што треба да правите?

Неделата пред Прочка, која секогаш е една недела пред почеток на велигденските пости, се нарекува и „Бела недела“, а почнува денеска.

denes-pochnuva-bela-nedela-koga-vernicite-se-podgotvuvaat-za-veligdenskiot-post-shto-treba-da-pravite-01.jpg

За православните верници денеска почнува Бела недела или Сирна недела.

Тоа се последните седум дена пред почетокот на велигденскиот пост, кој годинава почнува следниот понеделник, на 23 февруари.

Оваа недела е подготвителен период за долгиот пост и духовната обнова на верниците пред најголемиот христијански празник Велигден, кој оваа година се паѓа на 12 април.

denes-pochnuva-bela-nedela-koga-vernicite-se-podgotvuvaat-za-veligdenskiot-post-shto-treba-da-pravite-03.jpg

Во текот на оваа недела не се консумира месо, но дозволени се млечни производи и јајца, дури и во среда и петок, кои вообичаено се посни денови.

Месо може да се јаде во недела, а потоа дури на Велигден.

denes-pochnuva-bela-nedela-koga-vernicite-se-podgotvuvaat-za-veligdenskiot-post-shto-treba-da-pravite-02.jpg

Овој период популарно се нарекува Бела недела, а на последниот ден од овој период е Прочка, односно денот кога верниците се молат меѓусебно за прошка, за да можат духовно исчистени да влезат во Великиот пост.

Оваа недела се смета за поопуштена од останатите во овој период од годината, бидејќи е последна можност луѓето да уживаат во храната и друштвото пред долгиот пост, кој покрај физичка воздржаност подразбира и духовно прочистување.

denes-pochnuva-bela-nedela-koga-vernicite-se-podgotvuvaat-za-veligdenskiot-post-shto-treba-da-pravite-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Нина Ред со искрена исповед: „Еден период не бев добро – многу ослабнав, немав волја за ништо, почна... „Еден период не бев добро, се изгубив себеси. И тоа се одрази на моето тело. Мно...

Најчитани неделава