Vero Drive – нова услуга на Веро маркетите за нарачка на производи

Веро маркетите воведоа нова услуга Vero Drivе наменета за потрошувачите кои бараат брзи и практични решенија за да се снабдат со неопходните производи, а притоа да бидат максимално безбедни.

vero-drive-nova-usluga-na-vero-marketite-za-narachka-na-proizvodi-01.jpg

Новата услуга на Веро овозможува онлајн нарачка на производи, при што потрошувачите самите ја подигнуваат нарачката од пункт на паркингот во Веро центар во Скопје и ја плаќаат при подигнувањето.

Нарачувањето производи се врши преку интернет страницата verodrive.vero.com.mk, преку која потрошувачите може да се снабдат со широк асортиман производи од најразлични категории. По комплетирањето на производите што сакаат да ги купат, потрошувачите ќе добијат потврдна смс порака со број на нарачката и времето на подигнување. Производите може да се нарачаат во кое било време, а подигнувањето се одвива секој работен ден (од понеделник до петок) од 7 до 15 часот.

- Во овие специфични моменти нашиот тим постојано работи на изнаоѓање брзи и практични решенија со кои ќе се прилагодиме на барањата и потребите на нашите потрошувачи. Со нив им го олеснуваме купувањето, им нудиме брзо решение за да ги добијат нарачаните производи без да доаѓаат во контакт со други потрошувачи – велат од менаџментот на Веро.

vero-drive-nova-usluga-na-vero-marketite-za-narachka-na-proizvodi-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...

Најчитани неделава