Триглав Осигурување донираше заштитни одела

Триглав Осигурување донираше 1 000 заштитни одела на Министерството за здравство, наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Донацијата има за цел поддршка на јавното здравство и заштита на медицинскиот персонал, кој несебично се бори за спречување на пандемијата, предизвикана од вирусот Ковид -19.

triglav-osiguruvanje-donirashe-zashtitni-odela-01.jpg

Триглав Осигурување даде поддршка на јавните здравствени институции, со донирање на 1 000 заштитни одела, кои го штитат здравствениот персонал при работа во услови на пандемија.

“Заштитните одела се наменети за медицинските работници, кои се во првата линија во борбата против пандемијата. Затоа, лично, и во име на сите вработени во Триглав, би сакал да упатам голема благодарност до нив, за нивната несебична и пожртвувана работа. Воедно, би сакал да апелирам сите да се придржуваме до мерките на надлежните институции и да помогнеме на тој начин во борбата со пандемијата. Само на тој начин, со заеднички сили, ќе им помогнеме на здравствените работници и ќе го сочуваме нашето и здравјето на сите околу нас”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со појавата на Ковид-19, Триглав Осигурување АД, Скопје, континуирано воведува мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава