Состојба до 27.04.2020: Во последното деноноќие има 53 оздравени и 13 новозаболени пациенти

И во најновата состојба од последното деноноќие, бројот на оздравени пациенти е поголем од новозаболени - во продолжение детален преглед.

sostojba-do-27-04-2020-vo-makedonija-01.jpg

Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од коронавирус.
- Скопје 25
- Куманово 13
- Прилеп 5
- Струга 1
- Битола 4
- Охрид 1
- Кочани 4

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти.

Починаа 4 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.

Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

sostojba-do-27-04-2020-vo-poslednoto-denonokjie-ima-53-ozdraveni-i-13-novozaboleni-pacienti-02.png

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...

Најчитани неделава