Состојба до 03.05.2020: Регистрирани се 95 новооздравени и само 5 новозаболени пациенти

Каква е најновата состојба во последното деноноќие? Погледнете детален преглед во соопштението од Министерот Филипче...

sostojba-do-03-05-2020-vo-makedonija-01.jpg

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти.

  • Скопје 32
  • Куманово 38
  • Прилеп 16
  • Тетово 2
  • Велес 7

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на коронавирус.

Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сеуште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид.

Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.

sostojba-do-03-05-2020-registrirani-se-95-novoozdraveni-i-samo-5-novozaboleni-pacienti-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Кучето му го уништи креветот на Џамбазов, видеото ги насмеа фановите: „Уште жално те гледа - глумица... „Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што“, вели Игор Џамбазов, кој утро...
Првпат по многу години, празнична магија и во Тетово - Новогодишна елка, неколку украси и светилки Иако во градот под Шара не е блескаво како во другите градови, сепак е празнично...
Највиралното видео на Ведран (3), детето со маслинките, каде ја моли мајка му за чоколатце - има реч... „Како твојот син да седи гладен? Јас сакам некој сладолед, некое чоколатце“ е хи...
Како се маскираа Македонците за Halloween 2025? (фото+видео) Во пресрет на Ноќта на вештерките, уметникот и мајстор на трансформации со шминк...
Ина МногуФина згрозена: „Сè почесто кај нас токсични луѓе им ставаат тракери во автомобилите на парт... „Оваа појава има земено сериозен замав во Македонија. Тракерите ги ставаат најче...

Најчитани неделава