#НаукаЗаДеца - Научници и наставници започнаа иницијатива која промовира научна култура

#НаукаЗаДеца е иницијатива која потекнува од група научници и наставници, но е отворена за сите. Тоа е некомерцијална иницијатива која промовира научна култура и ментална фискултура кај најмладите! Воедно, во моментов, може да послужи како извор на дигитални едукативни ресурси кои може директно да се искористат во наставниот процес.

naukazadeca-nauchnici-i-nastavnici-zapochnaa-inicijativa-koja-promovira-nauchna-kultura-01.jpg

Веб страницата ќе започне со работа во среда, 6 Мај 2020 на пладне.

„Наука за деца” е под покровителство на граѓанската инцијатива Кантарот. На таа иницијатива се приклучи ОХО со цел да се поттикне дигиталната трансформација на македонското образование, и невладината организација ДИГ-ЕД чија мисија е да се промовираат дигитални ресурси во образованието. 

„Корона вирусот нè натера сериозно да размислуваме за дигитализацијата на македонското образование. Во овој момент родителите разбираат дека децата имаат ограничено количество внимание во ситуација кога не се заедно со своите учители и соученици. Додека, наставниците се свесни дека  сегашниот образовен системот не е создаден да поддржува образование на далечина, а сепак наставните содржини треба да се прилагодат на новото време. Токму затоа, научниците имаат шанса да промовираат и потпомогнат научна писменост меѓу најмладите, користејќи ги ресурсите кои се лесно достапни“ – велат претставници од граѓанската иницијатива Кантарот.

Постојат три извори на информации кои се споделуваат на #НаукаЗаДеца. Во соработка со FuseSchool  внимателно селектиравме видеа со содржини од природните науки, кои наставниците кои се приклучија на иницијативата ги анотираа и преведоа на македонски јазик. ОХО ги искористи преводите за да ги синхронизира видеата на македонски јазик.

Научниците кои се приклучија на иницијативата креираат описи на научни експерименти кои можат да се изведат во домашни услови. Ги повикавме и студентите (прво на ФИНКИ, но повикот е отворен за сите) да креираат кратки видеа со експерименти што се направени во домашни услови и да ги споделат по социјалните мрежи со хаштагот #НаукаЗаДеца.

Нашиот план е да преведеме најмалку 100 едукативни видеа. Дополнително, ќе имплементираме можност за поставување на прашања поврзани со видеата, и одредување на местото на видеото каде што се наоѓа одговорот.

Се надеваме дека бројот на експерименти ќе расте, и дека голем број на научници, наставници, студенти и научни ентузијасти ќе се приклучат на оваа иницијатива. Нашата желба е да се појават што е можно повеќе дигитални едукативни ресурси и содржини на македонски јазик. – стои во соопштението од здружените организации.

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Скандал во Ѕвездите на Гранд: Вики Миљковиќ тврди дека македонски натпреварувач ја обвинил за барање... „Кандидат во јавноста изнесе тврдења дека наводно сум побарала мито од него, што...
8 најзгодни македонски спортистки - Извајани тела, дефинирани мускули, природна убавина Каратистки, фудбалерки, одбојкарки, атлетичарки... девојките кои со години профе...
Мартин од „Некст тајм“ со емотивно видео за првиот роденден на ќерката: „Една година бескрајна среќа... Мартин сподели семејни снимки кои досега не беа јавно објавени - од моментот ког...
Лазар Бараков се поклони на гробот на Ѓорѓи Колозов - ни врати тон емоции за легендарните Македонски... Потег за пофалба! Лазар Бараков не го заборава својот пријател... Царот Ѓорѓи Ко...

Најчитани неделава