Без закажување во Авицена Лабораторија достапни 2 различни типа на тестови за КОВИД-19

Авицена Лабораторија како општествено-одговорна компанија уште од самите почетоци на пандемијата е активно вклучена во стратегијата за заштита на јавното здравје.

bez-zakazhuvanje-vo-avicena-laboratorija-dostapni-dva-razlichni-tipa-na-testovi-za-kovid-19-01.jpg

Како здравствена институција што постојано придонесува во општеството, Авицена Лабораторија се вклучи со донација на 5.000 бесплатни Real Time RT-PCR лабораториски анализи за коронавирус (ковид-19), проект што сѐ уште се реализира во соработка со Министерството за здравство и со Здравствен дом Скопје.

Почнувајќи од денес, 18 мај 2020 г., во Авицена Лабораторија е достапно КОМПЛЕТНО МЕНИ НА ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19, за сите пациенти што сакаат да направат тест за ковид-19. Во Авицена Лабораторија се достапни 2 вида тестoви – молекуларни Real-Time RT-PCR тестови за детекција на вирусот од брис, имунолошки тестови од крв за квантитативно одредување на IgM+IgA и имунолошки тестови за одредување IgG антитела кон SARS-CоV-2.

Комбинацијата на двата теста дава целосна и реална слика за процесите во организмот на човекот, бидејќи имунолошките и молекуларните тестови се комплементарни односно се надополнуваат едни со други. Тоа значи дека со молекуларните тестови се врши детекција на присуство на самиот вирус или дури и само секвенца од РНК на вирусот, а во комбинација со мерењето на концентрацијата на антителата се добива увид во тоа дали организмот бил во контакт со вирусот и каков е имунолошкиот одговор на организмот во борбата со вирусот.

Тестовите се достапни како поединечни тестови или како панел-комбинација на два типа различни тестови.

Имунолошките тестови што се изработуваат во Авицена Лабораторија се засега единствени на пазарот. За разлика од брзите тестови, кои даваат резултати само со „+“ или „-“, тестот што се работи во Авицена Лабораторија дава прецизна бројка за концентрацијата на присутните антитела, а самиот тест има исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.

Тестовите ќе се изработуваат секој работен ден, без закажување, исклучиво во лабораторијата во населбата Тафталиџе.

Приемот на пациенти за тест за ковид-19 се врши од понеделник до петок, само од 14 до 17 часот, и сабота само од 12 до 14 часот.

Лабораторијата истовремено ќе работи непречено со сите други пациенти, подготвена да обезбеди непречено извршување на сите лабораториски услуги во текот на целото работно време, со специјално назначени простории за пациентите заинтересирани за тест за ковид-19, со што се избегнува каков било контакт.

Авицена Лабораторија, во услови на пандемија на ковид-19 на глобално ниво и во интерес на заштита на здравјето на вработените, здравјето на пациентите и јавното здравје, секојдневно ги презема сите неопходни мерки во согласност со насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, за спречување на ширењето на оваа болест.

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава