Филипче: Вирусот не е шега, повторно враќање на полициски час викендов

По најавите за можен карантин викендов, министерот Филипче одржува прес-конференција.

filipce-pres-03-juni.jpg

На прес-конференцијата министерот соопшти:

Комисијата за заразни болести правеше анализа и ги следеше трендовите на новозаболени. Анализите покажуваат дека на неколку локации во земјата има брзо ширење како резултат на непочитување мерки.

Групирање на семејни собири, не носење маски и непочитување мерки за транспорт во компании се главни причини за раст на новозаболени во Скопје, Кумановско-липковскиот регион, Тетово со околните општини, Штип и околината.

Добро е што во целиот останат дел од земјата состојбата е стабилна и тоа е доказ дека мерките каде се почитуваат има резултат.

Заради спречување на дополнително ширење во критичните региони и надвор од нив, Владата донесе одлука за враќање на полициски час.

Се воведува целосна забрана на движење на сите граѓани на Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Теарце, Брвеница, Жилино и Јегуновце, од четврток, 21 часот до понеделник 5 наутро.

Во сите останати градови се забранува движење на граѓаните почнувајќи од четврток 21 часот до петок 5 часот наутро.

Детално погледнете во кој период е дозволено движењето:

filipche-virusot-ne-e-shega-povtorno-vrakjanje-na-policiski-chas-vikendov-2.png

Следете го пресот:

Би можело да ве интересира:

Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Миа Костова за родителите: „Се разведоа кога се породив, мајка ми се пресели во Охрид - сега сум поб... „Бев многу блиска со мајка ми до пред извесно време, сега сме во океј односи, ко...
Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
Наим од „Преспав“: „Се разведов од сопругата поради пороци - денес сме пак заедно, ни се роди син пр... „Искрено кажано, јас сум бил говедо, не сум знаел да ја почитувам. Башка, 9...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...

Најчитани неделава