HalkEco Хронометар 10KM ќе се трча со примена на мерки за заштита од коронавирусот

(Скопје, 04.06.2020) - Првата Хронометар атлетска трка HalkEco Хронометар 10KM што во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје и со поддршка на Халкбанк како генерален покровител, ќе се одржи идната сабота (13 јуни), заради моменталната состојба со коронавирусот ќе биде организирана со почитување на препораките од Владата и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести.

nova-i-nesekojdnevna-trka-halkeco-hronometar-10-km-01 (2).png

На трката, чиј старт е под мостот „Гоце Делчев“ на кејот на Вардар, ќе има ограничен број учесници (360) кои својот стартен број ќе го добијат на домашна адреса. За време на трката, учесниците ќе мора да ги почитуваат мерките за заштита, што вклучува носење заштитна маска пред стартот, односно и по целта, но не и за време на трчањето.

Бидејќи се работи за хронометар, односно точно мерење на времето на поминување на одредена зададена должина од патеката, а за да се запази препорачаното растојание меѓу учесниците, секој натпреварувач ќе има различно време на старт. Па така, првиот натпреварувач ќе стартува во 06:30 часот, а последниот во 09:30 часот. Временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач ќе биде 30 секунди.

„Трката HalkEco Хронометар 10KM чиј што главен покровител е Халкбанк АД Скопје, ќе биде сосема различна од сите трки кои се организираат поради примена на мерките за заштита од КОВИД-19 согласно државните препораки и протоколи, а кои ќе важат и за натпреварувачите и организаторите. За време на трката нема да има публика, а групирање на натпреварувачите пред и по трката нема да биде дозволено. Сите лица кои ќе бидат вклучени во организацијата ќе носат заштитни маски и ќе ги почитуваат мерките за држење дистанца, а ќе биде организирана и редарска служба. Долж патеката ќе има освежување и медицински екипи на велосипед, во зоната на старт/цел ќе бидат поставени мобилни чешми и средства за дезинфекција на раце, а на целта ќе има и амбулантно возило. Имајќи ја предвид природата на самата трка и фактот што таа претставува доказ дека ваквите спортови и во вонредни услови може, но и треба да се практикуваат на вака организиран и креативен начин во согласност со сите препорачани мерки за севкупна заштита, Халкбанк преку својата ХалкЕко активност со особено задоволство се јавува како значаен поддржувач на истата“, објаснува Маја Наумовска Савеска, директор на дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

За најдобрите 5 тркачи во машка и женска конкуренција предвидени се парични награди, а дополнително Халкбанк, како генерален покровител на трката, за учесниците ќе обезбеди подароци.

Трката го носи називот на апликацијата HalkEco на Халкбанк чија цел е да придонесе за формирање здрави навики и зачувување на животната средина. За секоја активност: трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, следуваат подароци и други бенефиции. Истовремено, на овој начин се обезбедуваат дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Вознемирувачко видео од Македонец: Го напаѓаат кучиња додека борда на Копаоник Македонец беше нападнат од кучиња додека борда на Копаоник. Тој го сподели видео...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg