ИТ компанијата - Интертек со нова и модерна канцеларија за своите вработени

17 јуни, 2020, Скопје - Интертек, ИТ компанија за развој на софтверски решенија, со главно седиште во Минхен и ИТ канцеларија во Скопје, официјално ја отвори новата и модерна канцеларија во центарот на градот, веднаш до Владата на Република Северна Македонија.

it-kompanijata-intertek-so-nova-i-moderna-kancelarija-za-svoite-vraboteni-01.jpg

Новите простории се уредени во духот на светските модерни ИТ компании и се наменети да овозможат простор за креирање и професионално надградување на повеќе од 120 млади професионалци во различни гранки од ИТ индустријата.

it-kompanijata-intertek-so-nova-i-moderna-kancelarija-za-svoite-vraboteni-02.jpg

Дизајнот на самите канцеларии е во функција на она што најмногу им треба на млади луѓе кои се занимаваат со создавање  на креативни софтверски решенија за клиенти во најразлични индустрии - тоа е простор кој ќе биде платформа за комуникација, соработка и мотивација на индивидуалци и тимови чија што задача е идејните решенија од хартија да ги претворат во реалност.

“Главната цел на инвестицијата во канцларии од ваков тип, е да се создаде простор во кој луѓето ќе уживаат да го поминуваат своето време, во кое ќе најдат удобност и каде ќе можат креативно и продуктивно да се изразат, да напредуваат секако располагајќи со сите потребни ресурси. Секако, канцеларијата без луѓето кои ја градат културата во неa е само простор, и затоа секое делче е внимателно создадено со намера да поттикне атмосфера на соработка, комуникација, учење и пријателско расположение кое е неопходно за мотивација низ деновите поминати во заедничка работа,” изјави Димитар Силјановски, основач и директор на Интертек. 

it-kompanijata-intertek-so-nova-i-moderna-kancelarija-za-svoite-vraboteni-03.jpg

Канцелариите кои се простираат во зграда од 6 ката и на површина од 1500м^2, располагаат со сите алатки и технологии потребни за секојдневните обврски. Распоредот во канцелариите и условите за работа ја отсликуваат културата на компанијата, која е концентрирана околу луѓето и нивниот професионален и личен развој, транспарентната и искрена комуникација, но со крајна цел дека работата треба да претставува задоволство.

it-kompanijata-intertek-so-nova-i-moderna-kancelarija-za-svoite-vraboteni-05.jpg

Секој кат зазема површина од 250 м^2 на кој се распоредени канцеларии со различни големини според потребите на секој од тимовите. Освен тоа секоја од канцелариите располага и со конференциски сали наменети за состаноци, дискусии, развој на идеи, работилници, како и со помали ‘фокус’ соби за индивидуална работа и видео повици.

it-kompanijata-intertek-so-nova-i-moderna-kancelarija-za-svoite-vraboteni-06.jpg

Не помалку важни се и просторрите за релакација и збогатување на друштвениот живот, просторијата за пинг понг, видео игри, друштвени „борд“ игри, јога, сала за презентации, катчиња за експериментирање со 3Д принтер и ИОТ технологии. Петочните дружења во Интертек се традиција, особено во летниот период, а од особено значење е и градината на самиот покрив на зградата, која дефинитивно ќе биде место за прославување на сите помали и поголеми успеси, професионални и  лични достигнувања или едноставно простор за пауза и полнење на батериите со поглед кон Водно, Градски парк и центарот на градот.

it-kompanijata-intertek-so-nova-i-moderna-kancelarija-za-svoite-vraboteni.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава